Управувајте со апаратот од далечина или проверете колку време останува во циклусот преку апликацијата LG ThinQ .
Откако ќе се овозможи функцијата за далечинско управување, може да започнете циклус од апликацијата LG ThinQ. Ако циклусот не започнува, апаратот ќе чека да започне циклусот додека апаратот не се исклучи од далечина или не се оневозможи функцијата за далечинско управување.
Ако вратата е отворена, функцијата за далечинско управување е оневозможена.
Можете да преземете нови и посебни циклуси што не се вклучени во основните циклуси на апаратот.
Можете да преземете разни специјализирани циклуси специфични за апаратот ако сте го регистрирале.
Откако ќе заврши преземањето на циклусот, апаратот ќе го задржи Download Cycle (Преземање на циклус) додека да преземете нов циклус.
Само еден Download Cycle (Преземање на циклус) може да биде зачуван во апаратот во еден момент.
Оваа функција автоматски ги избира најдобриот циклус и најдобрите поставки за машината за сушење врз основа на информациите за користењето за најнеодамна завршениот циклус на перење.
За да се користи оваа функција, машината за перење и машината за сушење мора да се поврзани со апликацијата LG ThinQ.
Оваа функција обезбедува корисни информации за дијагностицирање и решавање на проблемите кај апаратот, базирајќи се на образецот на употреба.
Кога циклусот е завршен или апаратот има некој проблем, ќе добиете известување.
Оваа функција следи како избраните циклуси на сушење и опции влијаат на потрошувачката на електрична енергија на сушарата.
Ви овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.
Оваа опција е достапна само кај некои модели.
Во следниве случаи, мора да ги ажурирате информациите за мрежата за секој апарат во апликацијата LG ThinQ под Картички на уред > Поставки > Смени мрежа.
безжичниот рутер е променет
лозинката на безжичниот рутер е променета
променет е операторот на интернет-услуги
Оваа информација е актуелна во моментот на објавување. Апликацијата е предмет на промена заради подобрување на производот без известување до корисниците.