Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ > Користење на уредот од далечина

Користење на уредот од далечина

Remote Start (Далечинско започнување)

Користете паметен телефон за да го управувате далечински апаратот. Исто така, може да ја набљудувате работата на циклусот за да знаете уште колку време преостанало од циклусот.

Користење на далечинското започнување
  • Ставете ги алиштата во барабанот и затворете ја вратата на машината за сушење.

  • Притиснете на копчето Напојување.

  • Притиснете и држете го копчето Remote Start (Далечинско започнување) 3 секунди за да ја вклучите функцијата за далечинска контрола.

  • Започнете го циклусот преку апликацијата LG ThinQ на вашиот паметен телефон.

НАПОМЕНА
  • Откако ќе се вклучи функцијата, може да го започнете циклусот преку апликацијата за паметен телефон LG ThinQ. Ако циклусот не започне, апликацијата ќе чека тој да започне сè додека не ја исклучите функцијата со далечинско управување преку апликацијата.

  • Ако е отворена вратичката, циклусот не може да започне со далечинска контрола.

Рачно оневозможување на далечинското започнување

Кога е активирана оваа функција, притиснете го и задржете го 3 секунди копчето Dry Level (Ниво на сушење) .