Со тек на време и употреба, апаратот може да создаде непријатни миризби што ќе ја замирисаат и облеката по сушењето. Ако ја користите оваа функција еднаш месечно (или по 30 сушења), ќе помогне да се намалат непријатните миризби од апаратот.
За да ја користите програмата, треба да го преземете циклусот преку апликацијата LG ThinQ.
Отстранете ги алиштата од апаратот.
Извадете го резервоарот за вода, испразнете ја кондензираната вода од него и вратете го назад во апаратот.
Вклучете ја машината.
Изберете програма Download Cycle (Преземање на циклус).
Притиснете и држете го копчето Старт/Пауза 1 секунда.
Оваа функција трае околу 3 часа.
Испразнете го резервоарот за вода по завршувањето на функцијата.
Кога ќе се постави опционалното црево за одвод нема потреба да го празните резервоарот за вода.
Отворете ја вратата од сушарата за да му обезбедите на апаратот доволно циркулација на воздухот и да се исцрпат останатите миризби.
Од безбедносни причини не дозволувајте им на децата и животните да влегуваат во апаратот. Тоа може да предизвика оштетување или повреда.