Овој модел е опремен со функција „Автоматско чистење на кондензаторот“. Меѓутоа, доколку сакате рачно да го исчистите, следете ги упатствата во прирачников.
За да избегнете повреди и изгореници, не допирајте и не чистете го кондензаторот со голи раце.
При чистење на кондензаторот, внимавајте да не ги оштетите лопатките.
Ако се намали ефикасноста на сушењето, отворете го капакот на кондензаторот за да проверите дали има страни предмети или насобрани влакненца.
Притиснете го горниот дел од пристапниот панел a за да го отворите.
Завртете ги бравите b за да го ослободите капакот на кондензаторот, а потоа повлечете го капакот за да го отстраните.
Исчистете ја правта од кондензаторот со помош на правосмукалка или мека четка. Нанесете само нежен притисок и исчистете го во вертикална насока за да не ги оштетите перките.
Поставете го капакот така што отворот ќе биде одоздола.
Повторно вметнете го и целосно склопете го капакот на кондензаторот.
Ако капакот на кондензаторот не е целосно склопен, уредот нема да функционира правилно и може да дојде до протекување на подот за време на работата.
Затворете го пристапниот панел.