Употреба на преградата за свежи производи+
Оваа функција е достапна само за некои модели.Овој простор се користи за чување на месо, риба, сирење/кашкавал и други производи што треба да се чуваат разладени.Погледнете ја поставката на копчето Temp Zone за повеќе информации.Не поставувајте производи на капакот на фиоката свежи производи+.
Употреба на балансирачот на свежи производи
Оваа функција е достапна само за некои модели.Чувајте ги свежи овошјето и зеленчукот. Приспособете го контролерот a за да ги исполните поединечните потреби за складирање.Fruit: за чување на овошје.Vegetables: За чување зеленчук. (Препорачано)
Отстранување/повторно местење на балансирач на свежи производи
Оваа функција е достапна само за некои модели.Отворете ја вратата од фрижидерот целосно пред да ја извадите и вратите фиоката.Подигнете ја и држете ја полицата подигната.Подигнете ја фиоката и повлечете ја напред.Навалете ја фиоката од вратата и извадете ја со извлекување.Вратете ја фиоката по обратен редослед од вадењето.
Вадење/враќање на фиоката на фрижидерот
Извадете ја содржината од фиоката. Држете ја рачката на фиоката и полека и целосно извлечете ја надвор, сė додека не запре.Подигнете ја фиоката нагоре и извадете ја повлекувајќи ја надвор.Вратете ја фиоката по обратен редослед од вадењето.
Користење на My Box
Оваа функција е достапна само за некои модели.Отворете го капачето a на фиоката.Повлечете ја фиоката b напред.Бидете внимателни при влечење на фиоката ако складирате тешки предмети. Постои можност фиоката да се истури надолу.
Отстранување/враќање на My Box
Подигнете ја фиоката малку и повлечете ја напред за целосно да ја отстраните.Вратете ја фиоката по обратен редослед од вадењето.