Горе > РАБОТЕЊЕ > Контролна табла > Контролна табла и функции

Контролна табла и функции

  1. Лево (3) / Десно (4) копче

    Притиснете го левото (3) или десното (4) копче за да преместите налево или надесно на екранот.

  2. Копче Претходно

    Притиснете го копчето за да се вратите на претходниот екран.

  3. Копче Потврди

    Притиснете го копчето за да изберете функција или да изберете опции за избраната функција.

  4. Приказ

    Ги прикажува тековните поставки на фрижидерот.

  5. Fridge

    Притиснете го копчето за да ја поставите температурата на фрижидерот.

    Притиснете го копчето Fridge или левото (3) / десното (4) копче за да изберете температура помеѓу 1 7 и 7 7, а потоа притиснете го копчето Потврди. Температурата нема да биде поставена ако не го притиснете копчето Потврди или копчето Претходно.

    • Стандардната температура на фрижидерот е 3 7.

    НАПОМЕНА
    • Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.

  6. Freezer

    Притиснете го копчето за да ја поставите температурата на замрзнувачот.

    Притиснете го копчето Freezer или левото (3) / десното (4) копче за да изберете температура помеѓу -15 7 и -23 7, а потоа притиснете го копчето Потврди. Температурата нема да биде поставена ако не го притиснете копчето Потврди или копчето Претходно.

    • Стандардната температура на замрзнувачот е -18 7.

    НАПОМЕНА
    • Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.

  7. Temp Zone

    Притиснете го копчето за да ја поставите функцијата на фиоката за свежи производи+.

    Притиснете го копчето Temp Zone или левото (3) или десното (4) копче за да го изберете посакуваниот режим и притиснете го копчето Потврди.

    Режимите нема да бидат поставени ако не го притиснете копчето Потврди или ако го притиснете копчето Претходно.

    Достапни функции: фрижидер (стандардно), месо, риба, ладно пиво, путер/сирење, меко замрзнување на месо.

    Можете да изберете и друг режим во апликацијата LG ThinQ, видете ја табелата подолу.

    Категорија

    Име

    Забелешки

    Одделно складирање

    Fridge (Фрижидер)

    Ги складира артиклите одделно за уредно и организирано складирање.

    Подготвени оброци

    Уредно ги складира зготвената или спакуваната храна и комплетите за оброци во наменет простор.

    Комплет за вегетаријанска салата

    Ги одржува салатите и подготвениот зеленчук свежи и подготвени за употреба.

    Храна за домашни миленици

    Складира влажна или конзервирана храна за домашни миленици на посебно наменето место за практична употреба.

    Јогурт

    Јогуртот и ферментираните млечни производи уредно ги складира во посебен дел.

    Екстра ладно складирање

    Путер/Сирење/Кашкавал

    Обезбедува одреден простор за складирање путер и сирење.

    Печурки

    Обезбедува соодветни услови за складирање за различни видови печурки.

    Риба

    Ги чува рибата и морските плодови на температура пониска од фрижидерот до готвењето.

    Месо

    Го чува месото на температура пониска од фрижидерот за подготвена употреба.

    Меко замрзнување

    Меко замрзнување на месо

    Лесно го замрзнува месото за полесно сечење и подготовка.

    Пијалаци/Алкохолни десерти

    Безалкохолни пијалаци

    Обезбедува компактен простор за брз пристап до складирање на безалкохолни пијалаци.

    Ладно пиво

    Го лади пивото на температура пониска од фрижидерот за дополнително ладно сервирање.

  8. Super Freeze

    Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.

    • Притиснете го левото (3) / десното (4) копче за да ја активирате или деактивирате функцијата Super Freeze, а потоа притиснете го копчето Потврди.

    • Оваа функција автоматски завршува по одреден период.

  9. Settings

    Притиснете го копчето за да ги поставите функциите на фрижидерот.

Преглед на приказот на статусот

  1. Статус на фрижидер и приказ за известувања

    Можете да ги проверите тековните поставки, функции и известувања.

  2. Индикатор за заклучување на копчето

    k: Се прикажува кога е избрано заклучувањето на копчињата.

  3. Индикатор за Wi-Fi

    f: Индикаторот покажува кога апаратот има Wi-Fi врска.

  4. Икона за аларм за висока температура

    Иконата засветува кога температурата на замрзнувачот се зголемува доволно за да биде проблем.

    Иконата исчезнува кога темературата на замрзнувачот ќе ја достигне соодветната температура.

Поставување на функциите на фрижидерот

  • Притиснете го копчето Settings. Функциите што може да се изберат ќе бидат прикажани на екранот за статус.

  • Притиснете го левото (3) или десното (4) копче за да ја изберете посакуваната функција и притиснете го копчето Потврди.

    Функцијата нема да биде поставена ако не го притиснете копчето Потврди или ако го притиснете копчето Претходно.

Достапни функции: Wi-Fi, Control Lock, Super Cool, Cleaning Time, Vacation, Saving Mode, Smart Learner, Smart Diagnosis, Open Source Licence

  1. Wi-Fi

    Ова овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги паметните функции за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.

  2. Control Lock

    Првичното поставување на функцијата Control Lock е избришано.

    Функција за овозможување на заклучувањето

    • Притиснете го копчето Settings за да ја изберете функцијата Control Lock, потоа притиснете го левото (3) / или десното (4) копче за да ја изберете функцијата за поставување, а потоа притиснете го копчето Потврди. Функцијата Заклучи нема да биде поставена ако не го притиснете копчето Потврди или ако го притиснете копчето Претходно.

    • Кога е активирана функцијата Заклучи , индикаторот за заклучување на копчињата k се појавува на горниот дел од контролната табла и ниедно друго копче нема да работи.

    Функција за оневозможување на заклучувањето

    • Притиснете кое било копче на екранот додека е активирана функцијата Control Lock. Кога ќе се појави скокачки прозорец, притиснете и задржете го копчето за потврда 3 секунди.

    • Индикаторот за заклучување на копчињата k ќе исчезне од горниот дел на екранот кога функцијата Заклучи е деактивирана.

  3. Super Cool

    Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.

    Притиснете го копчето Settings за да ја изберете функцијата Super Cool, потоа притиснете го копчето „Потврди“. И притиснете го левото (3) или десното (4) копче за да ја активирате или деактивирате функцијата Super Cool, потоа притиснете го копчето Потврди.

    Функцијата Super Cool нема да биде поставена ако не го притиснете копчето Потврди или ако го притиснете копчето Претходно.

    Првичното поставување на функцијата Super Cool е исклучено.

  4. Cleaning Time

    Оваа функција го запира целото ладење во преградите за фрижидер и замрзнувач, но внатрешниот LED-индикатор работи, така што е погодно за чистење.

    Притиснете го копчето Settings за да ја изберете функцијата „Време за чистење“, потоа притиснете го копчето Потврди. Притиснете го левото (3) или десното (4) копче за да го активирате или деактивирате режимот „Време за чистење“, потоа притиснете го копчето Потврди.

    • Притиснете и задржете го копчето Потврди во траење од 3 секунди за да ја вклучите функцијата.

    • Оваа функција автоматски застанува по 20 минути, а сите функции на апаратот ќе продолжат со работа.

    Првичното поставување на функцијата Cleaning Time е исклучено.

  5. Vacation

    Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 7 7, а на замрзнувачот -15 7. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.

    Притиснете го копчето Settings за да ја изберете функцијата „Одмор“, потоа притиснете го копчето Потврди. Притиснете го левото (3) или десното (4) копче за да ја активирате или деактивирате функцијата Vacation, потоа притиснете го копчето Потврди.

    Функцијата Vacation нема да биде поставена ако не го притиснете копчето Потврди или ако го притиснете копчето Претходно.

    Кога е вклучена функцијава, не работат другите копчиња освен Temp Zone и Settings.

    ВНИМАНИЕ
    • Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.

    • Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да се отклучат другите копчиња и вратете го фрижидерот на претходните поставки за температура.

    Првичното поставување на функцијата Vacation е исклучено.

  6. Saving Mode

    Оваа функција заштедува енергија преку анализа на околната средина и шемите на користење. За детални упатства, погледнете го упатството во апликацијата LG ThinQ.

  7. Smart Learner

    Оваа функција автоматски ги оптимизира функциите на производот преку анализа на околната средина и вашите конкретни шеми на користење.

    • Режимите Smart Learner и Saving Mode со вештачка интелигенција не можат да се овозможат истовремено.

  8. Smart Diagnosis

    Употребете ја оваа функција за да дијагностицирате или решите проблеми со вашиот апарат. Погледнете го делот Паметни функции.

  9. Open Source Licence

    Скенирајте го QR-кодот или притиснете го копчето Потврди, тоа ќе ве упати кон URL-адреса каде што можете да го видите известувањето за лиценца со отворен код.

НАПОМЕНА
  • Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.

  • За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 7 на стандардната температура за секоја преграда.

  • Прикажаната температура е целна температура, а не актуелната температура на апаратот. Актуелната температура на апаратот зависи од храната во апаратот.

  • Актуелната температура во апаратот зависи од следните фактори: собната температура, количината на храна и колку често се отвораат вратите, локацијата на апаратот. Поставувајте температура земајќи ги предвид овие фактори.