Во повеќето случаи, надворешноста на апаратот може да се чисти со мека крпа или сунгер, а на крајот со сува мека крпа. Ако надворешноста е од не’рѓосувачки челик, употребете средство за таа намена.
Ако се истури масло за готвење на површината на производот, веднаш избришете го. Не чистете ја површината со средства кои содржат алкохол, разредувачи, белила, бензен, запаливи течности или абразиви. Овие супстанци може да го обезбојат или оштетат апаратот.