Функцијата InstaView Door in Door ви овозможува да видите дали ви се истрошиле често користените артикли, како на пр. пијалаци и закуски, без да мора да ја отворате вратата на фрижидерот.
Чукнете двапати на стаклото за да го вклучите или исклучите LED светлото внатре во Door in Door.
LED светлата автоматски се исклучуваат по десет секунди.
Не отворајте ја вратата на апаратот додека вратата во врата е отворена, или не отворајте ја вратата во врата додека вратата на апаратот е отворена. Вратата во врата може да биде удрена од крајот на апаратот и да се оштети.
Функцијата InstaView Door in Door се исклучува на 2 секунди по затворањето на левата или десната врата од замрзнувачот.
Чукнете блиску до центарот на стаклото. Чукањето по рабовите на стаклото може да не ја активира функцијата InstaView Door in Door.
Чукнете доволно јако за да се слушне звукот на чукање.
Функцијата InstaView Door in Door може да се активира доколку во близина на фрижидерот се чуе силен звук.
Исчистете ја стаклената врата со сува крпа. За да ги отстраните упорните дамки, навлажнете малку чиста крпа со млака вода или средство за чистење стакло. Не прскајте од средството за чистење стакло директно врз стаклената врата.