Овој апарат треба да го пренесуваат две или повеќе лица, коишто цврсто ќе го држат при пренесувањето.
Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под.
Не поставувајте го апаратот во влажна или правлива просторија. Не поставувајте го и не чувајте го надвор, или во каква било просторија подложна на надворешни услови, како што е директна сончева светлина, ветер или дожд, или температури под нулата.
Не поставувајте го апаратот на директна сончева светлина и не изложувајте го на топлина од апарати за греење, како на пример, шпорети или греалки.
Внимавајте да не ја соголите задната страна на апаратот при монтажата.
Монтирајте го апаратот на место од каде што може лесно да се исклучи приклучокот за струја на апаратот.
За време на склопувањето или расклопувањето внимавајте да не ви падне вратата на апаратот.
При склопувањето и расклопувањето на вратата на апаратот, внимавајте да не го продупчите, згмечите или оштетите кабелот за струја.
Приклучокот за струја не смее да биде вклучен со кабелот свртен нагоре и не дозволувајте апаратот да се потпира на приклучокот.
Не поврзувајте го приклучниот адаптер или некоја друга дополнителна опрема во приклучокот за струја.
Не модифицирајте го и не продолжувајте го кабелот за струја.
Проверете дали штекерот за струја е правилно заземјен и дали контактот за заземјување на кабелот за струја е оштетен или изваден од приклучокот за струја. За повеќе детали околу заземјувањето, обратете се во Центарот за информации за клиенти на LG Electronics.
Апаратот мора да биде опремен со кабел за струја, којшто има спроводник за заземјување и приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во соодветен штекер којшто е правилно монтиран и заземјен во согласност со локалните законски регулативи и уредби.
Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување. Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот.
Отстранете ги сите материјали за пакување, како на пример, пластични кеси и стиропор, подалеку од децата. Материјалите од пакувањето може да предизвикаат задушување.
Не приклучувајте го апаратот во адаптер со повеќе штекери, којшто нема кабел за напојување (монтиран).
Апаратот треба да биде поврзан со посебна линија за струја, за којашто има засебен осигурувач.
Не приклучувајте го апаратот во мулти-штекер кој не е соодветно заземјен (пренослив). Во случај да користите соодветно заземјен мулти-штекер (пренослив), користете мулти-штекер со капацитет на напон на кабелот или повисок и користете го мулти-штекерот само за апаратот.