Инсталирање на апликации
Можете да инсталирате различни апликации на вашиот телевизор од LG Content Store.
-
Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
- Се активира LG Content Store.
-
Изберете ја категоријата АПЛИКАЦИИ прикажана во горниот дел од екранот.
Ќе се прикаже листа на достапни апликации во избраната категорија. - Од листата изберете ја апликацијата која сакате да ја поставите.
- Прочитајте ги деталите на апликацијата, а потоа притиснете инсталирај.
- Кога ќе заврши инсталацијата, можете веднаш да ја активирате апликацијата.
Достапните категории може да се разликуваат во зависност од земјата или статусот на услугата.
Доколку нема доволно мемориски простор на вашиот телевизор, можете да ги инсталирате апликациите со поврзување на надворешен мемориски уред.
Некои USB уреди може да не бидат поддржани или да не функционираат правилно.
USB уредите кои содржат апликации од други телевизори можно е да не може да се користат.
Можете да бришете апликации кои сте ги преземале во ставките на АПЛИКАЦИИ од Мои апликации.
Гледање VOD содржини
Можете веднаш да уживате во ТВ-емисии, филмовите и многу повеќе од тоа со проследувањето во реално време.
-
Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
- Се активира LG Content Store.
-
Изберете ја саканата категорија од категориите прикажани во горниот дел од екранот, како што се ТВ-емисии и Филмови.
Ќе се прикаже листа на достапни содржини во избраната категорија. - Изберете елемент од листата.
-
Можете да ја репродуцирате саканата содржина.
Можно е да биде потребна апликација за репродукција на содржината. Доколку не е инсталирана, инсталирајте ја апликацијата за да ја репродуцирате содржината.
Оваа функција е достапна само во одредени земји.
Достапните категории може да се разликуваат во зависност од земјата или статусот на услугата.
За да погледнете детални информации за содржината, изберете го насловот во долниот дел и областа
.
.