Користење на Поврзување со мобилен телефон
Поврзување со мобилен телефон ви овозможува да ги споделувате и да уживате во содржините зачувани на паметните уреди преку вашиот телевизор.
Препорачливо е вашите Android паметни уреди да користат Lollipop или понови верзии на Android.
Поврзување на паметен уред со Поврзување со мобилен телефон
Поставете поврзување следејќи ги упатствата подолу:
- Инсталирајте ја апликацијата LG TV Plus на паметниот уред.
- Поврзете го телевизорот и паметниот уред на истата Wi-Fi мрежа.
- Активирајте ја апликацијата LG TV Plus и поставете поврзување со вашиот телевизор следејќи ги инструкциите прикажани на екранот.
-
Притиснете го копчето
за приказ и на десната страна од екранот ќе се појави листа со поврзани паметни уреди.
- Изберете го саканиот паметен уред.
Android паметните уреди автоматски ќе се обидат повторно да се поврзат кога ќе влезат во мрежната зона откако ќе се воспостави првичната врска.
Споделување содржини со Поврзување со мобилен телефон
Можете да ги споделувате и да уживате во содржините зачувани на вашиот паметен уред на телевизорот.
- Активирајте ја апликацијата LG TV Plus инсталирана на вашиот паметен уред.
- Поставете ја саканата содржина на телевизорот.
Поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од верзијата и производителот на оперативниот систем на вашиот паметен уред.