Брзо и едноставно користење на апликации со помош на БРЗ ПРИСТАП
Притиснете и задржете на копче со број на далечинскиот управувач за да отворите апликација или да активирате надворешен влез кој е регистриран на копчето.
Поставување на БРЗ ПРИСТАП
- Активирајте ја апликацијата или изберете го каналот или влезот кој сакате да го назначите.
- Притиснете и задржете на копчето со број (~) кое сакате да го регистрирате.
- Кога ќе се појави појавувачкиот прозорец за регистрирање, изберете Да.
Ако притиснете и задржите на копче со број кое веќе е регистрирано, ќе се изврши регистрираната функција.
За да ги видите елементите кои може да се регистрираат, изберете број кој не е регистриран во режимот за уредување БРЗ ПРИСТАП.
Ако сте во режим во кој БРЗ ПРИСТАП не може да се активира, нема да се изврши никакво дејство.
Ако избришете регистрирана апликација, БРЗ ПРИСТАП исто така ќе се дерегистрира.
Проверување и уредување на БРЗ ПРИСТАП
Притиснете и задржете го копчето со број на далечинскиот управувач.
Ќе се прикаже екранот за уредување на БРЗ ПРИСТАП.
Ќе се прикаже екранот за уредување на БРЗ ПРИСТАП.
- Избирањето на број кој веќе е регистриран овозможува негово дерегистрирање.
- Кога ќе изберете број кој не е регистриран, се прикажуваат елементите кои може да се регистрираат.
- Елементот кој е регистриран на друг број е назначен со знак за штиклирање.
- Можете да погледнете кратки инструкции за оваа функција.