Користење на апликацијата LG TV Plus
Можете да ги контролирате функциите на вашиот телевизор преку апликациите кои се инсталирани на вашиот паметен уред.
Поврзување на вашиот паметен уред со телевизор со помош на апликацијата LG TV Plus
  1. Преземете ја апликацијата LG TV Plus од продавницата за апликации на вашиот паметен уред.
    Апликацијата можете лесно да ја преземете со скенирање на QR кодот.
    Android

    Android QR кодAndroid QR код

    iOS

    iOS QR кодiOS QR код

  2. Притиснете го копчето ПОЧЕТОКПОЧЕТОК на далечинскиот управувач и изберете Икона за поставкиИкона за поставки во горниот десен дел.
  3. Одете во Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Мрежа и поставете го LG Connect Apps на Вклучено.
  4. Поврзете го телевизорот и паметниот уред на истата Wi-Fi мрежа.
  5. Активирајте ја апликацијата LG TV Plus инсталирана на вашиот паметен уред.
  6. Апликацијата автоматски ќе изврши скенирање за телевизорите кои може да се поврзат на вашиот паметен уред.
  7. Од листата со резултатите од пребарувањето изберете го саканиот телевизор. На ТВ екранот ќе се прикаже PIN код.
  8. Внесете го PIN кодот во апликацијата LG TV Plus за да го впарите вашиот паметен уред со телевизорот.
Контрола на вашиот телевизор со апликацијата LG TV Plus
Можете да ги допирате копчињата на екранот на вашиот паметен уред за да го контролирате телевизорот.

Апликација LG TV PlusАпликација LG TV Plus

  1. Можете да ги користите истите функции како покажувачот на Далечинскиот управувач за магично движење и копчињата со стрелки.
  2. Можете да менувате канали, да ја прилагодувате јачината на звукот, или пак да вршите други прилагодувања без да го користите далечинскиот управувач додека гледате емитување.
  3. Можете да отворите апликација инсталирана на вашиот телевизор или пак да ги конфигурирате подесувањата за функциите, како на пр. префрлувањето на влезот или додавањето на омилени канали.
Одредени контроли може да бидат ограничени во режимот на надворешен влез.
Екранот на апликацијата и функционалноста подлежат на промена без претходно известување.
Достапните функции може да се разликуваат во зависност од земјата и оперативниот систем.