Ажурирање на софтвер
Ажурирање на софтвер се користи за проверка и преземање на најновата верзија.
Исто така е можно и рачно проверување дали има достапни ажурирања.
Проверете дали има ажурирања
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Општо Во врска со телевизорот Проверете дали има ажурирања
Кога проверувате за најнова верзија на ажурирање, можете да вршите ажурирање единствено ако е достапен фајл за ажурирање од понова верзија.
Телевизорот автоматски ја проверува вашата верзија на софтверот но, доколку е тоа потребно, можете да извршите рачна проверка.
Автоматско ажурирање без известување
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Општо Во врска со телевизорот Дозволете автоматски ажурирања
Ако е избрано Дозволете автоматски ажурирања, кога е достапно ажурирање, ажурирањето се активира автоматски без поставување на прашање.
Ако не е избрано Дозволете автоматски ажурирања, кога е достапно ажурирање, ажурирањето се активира откако ќе биде поставено прашање.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од земјата.
Најновата верзија може да се преземе преку дигитален сигнал на пренос или преку интернет врска.
Менувањето на каналот за време на преземањето на софтверот преку дигитален сигнал на пренос го прекинува процесот на преземање. Враќањето на иницијалниот канал ќе овозможи продолжување на преземањето.
Доколку софтверот не се ажурира, одредени функции може да не функционираат правилно.
Во одредени земји, Дозволете автоматски ажурирања не се прикажува доколку не сте поврзани на интернет.
Вашиот уред ќе мора повремено да презема и да инсталира ажурирања за софтверот со цел да одржи оптимална функционалност. Кога софтверот се ажурира, екранот на уредот може да се исклучи доколку нема никаква интеракција со корисникот во период од 4 часа, но уредот нема целосно да влезе во режимот на подготвеност сè додека инсталацијата не заврши. Ова може да доведе до зголемена потрошувачка на енергија при ажурирањето на софтверот.