Користење на функцијата МАГИЧНА ВРСКА
Нуди разни видео записи и информации поврзани со програмата која ја гледате во моментот.
-
Притиснете го копчето на далечинскиот управувач, или пак поместете го покажувачот кон горниот дел од екранот.
Ќе се прикаже натписот на каналот.
- Притиснете го копчето МАГИЧНА ВРСКА во натписот на каналот.
-
Во долниот дел на екранот ќе се прикажат разни информации поврзани со програмата која ја гледате во моментот.
Изберете ги саканите информации.
Оваа функција е достапна само во одредени земји.
Опсегот на пребарување може да се разликува во зависност од земјата.
Додека се користи МАГИЧНА ВРСКА, понудените содржини може да не се совпаѓаат секогаш со програмата која ја гледате во моментот.
Променете го каналот со Далечинскиот управувач за магично движење пред да ја користите функцијата МАГИЧНА ВРСКА.
Некои канали за возрасни или заклучени канали не ја поддржуваат оваа функција.
Резултатите од пребарувањето може да се разликуваат во зависност од информациите на програмата која ја гледате во моментот.