Автоматско поставување на програмите
Канали
Бирање канал
(Бирање канали и параметри)
Автоматско бирање
Автоматско бирање на програмите.
- Изберете земја каде се користи телевизорот. Поставките за програмите се менуваат во зависност од земјата која ќе ја изберете.
- Иницирајте Автоматско бирање.
- Изберете режими за поставување на програми.
- Поставете автоматско бирање следејќи ги инструкциите на екранот.
Ако влезниот извор не е правилно поврзан, регистрирањето на програмата може да не функционира.
Со Автоматско бирање се пронаоѓаат само програмите кои емитуваат содржини во моментот.
Ако е вклучен Безбедност, ќе се прикаже појавувачки прозорец и од вас ќе се побара лозинка.
Поставување на кабелски поставки
Пребарувањето на програмите со користење на поставката ЦЕЛОСНО може да трае долго време.
За брзо и точно пребарување на сите достапни програми потребни се следните вредности. Вообичаено користените вредности се нудат како „зададени“.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од Тип.
За брзо и точно пребарување на сите достапни програми потребни се следните вредности. Вообичаено користените вредности се нудат како „зададени“.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од Тип.
- Фреквенција (kHz)
- Внесете фреквенција дефинирана од страна на корисникот.
- Стапка на симболи (kS/s)
- Брзина со која уред, како на пример модем, испраќа симболи на програма.
- Прилагодување
- Вчитување на аудио или видео сигнали на носач.
- ИД на мрежа
- Единствен идентификатор доделен за секој корисник.
- Почетна фреквенција (kHz)
- Внесете почетен фреквентен опсег дефиниран од страна на корисникот.
- Крајна фреквенција (kHz)
- Внесете краен фреквентен опсег дефиниран од страна на корисникот.
Поставување на сателитски поставки
Можете да извршите додавање / бришење / поставување на саканиот сателит.
Ако програмскиот режим е поставен на Сателит
- Сателит
- Изберете го саканиот сателит.
- ЛНБ фреквенција
-
Изберете една вредност помеѓу 9750/10600, 9750/10750, 9750, 10600, 10750, 11300, 5150, MDU1, MDU2, MDU3, MDU4, MDU5. Ако изберете 9750/10600, 9750/10750(MHz), се оневозможува 22kHz тон. Ако на листата не можете да ја најдете Фреквенцијата на LNB, изберете Корисник и рачно внесете ја фреквенцијата.
Оваа функција е достапна само во одредени земји.
- Transponder
- Изберете го транспондерот кој сакате да го поставите.
- 22kHz тон
- При користење на преклопник за 22kHz тон, изберете 22 kHz или 0 Hz. Ако користите 22kHz тон, Unicable и Тип на мотор се оневозможени.
- ЛНБ сила
- За да овозможите напојување со енергија за LNB, изберете Вклучено. Ако изберете Исклучено, Тип на мотор е оневозможено.
- DiSEqC
- При користење на DiSEqC, изберете една опција од A-D / ToneA-B. Ако користите DiSEqC, Unicable и Тип на мотор се оневозможени.
- Unicable
- Изберете Вклучено за користење на Unicable и поставете Unicable во менито Параметри на Unicable. Кога Unicable е овозможено, 22kHz тон, DiSEqC, Тип на мотор се оневозможени.
- Тип на мотор
- Изберете Тип на мотор за користење на моторот и поставете го моторот во менито Поставување на мотор. Кога Мотор е овозможено, 22kHz тон, DiSEqC, Unicable се оневозможени.
Ако поставите сателит на други, мора да додадете транспондер со помош на опцијата Уредување на транспондер.
При избор на 22kHz тон и DiSEqC, морате да ги поврзете на истата позиција како што е прикажано на OSD.
Ако избришете сателит, сите програми зачувани за тој сателит ќе бидат избришани.
Поставување на мотор
DiSEqC 1.2
:
Контрола на моторот заради промена на позицијата на сателитската чинија.
- Насока на управување
- Изберете ја насоката во која сакате да го придвижите моторот.
- Режим на движење
-
Достапни се два режими: Постепено и Континуирано.
- Чекор : Моторот се придвижува врз база на вредноста која ќе ја внесете (од 1 до 128).
- Постојано : Моторот се придвижува континуирано додека не притиснете Стоп.
- Тестирај Transponder
- Изберете го тест Траспондерот кој сакате да го поставите.
- Поставете ограничување
-
Поставување на придвижувањето на моторот кон исток или запад единствено во рамките на поставените граници.
- Вклучено : Можете да го ограничите движењето до тековната насока преку избирање на Запад / Исток.
- Исклучено : Можете да го откажете ограничувањето кое сте го поставиле.
- ОДЕТЕ ДО 0
- Можете да го придвижите моторот на нула.
USALS
:
Поставете ја вашата тековна локација (географска ширина / должина).