Користење на функцијата Wi-Fi Direct
Мрежа
Wi-Fi Direct
Wi-Fi Direct е функција која овозможува вашиот телевизор да се поврзе со Wi-Fi Direct уред без интернет врска. Можете да отворате фајлови зачувани на уредите кои се поврзани преку Wi-Fi Direct во апликацијата Фотографии и видеа и Музика.
- Овозможете Wi-Fi Direct на уредот со кој сакате да се поврзете.
- Од листата со уреди со коишто може да се изврши поврзување, изберете го телевизорот.
- Откако ќе го прифатите барањето за поврзување на телевизорот, Wi-Fi Direct ќе биде поврзано.
- Од саканиот поврзан уред, изберете ги фајловите со видео записи, музика или фотографии кои сакате да ги отворите на телевизорот преку функцијата за споделување содржини од паметен уред.
- Можете да отворате фајлови зачувани на уредите кои се поврзани преку Wi-Fi Direct во апликацијата Фотографии и видеа и Музика.
Доколку некој уред којшто претходно бил поврзан со телевизорот повторно испрати барање за поврзување, тој автоматски ќе биде поврзан.
Доколку ја активирате апликацијата Screen Share додека е поврзано Wi-Fi Direct, Wi-Fi Direct ќе се исклучи.