Поставување на напредните опции за контрола
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Слика Параметри на режимот за слика Напредни контроли / Експертски контроли
Динамичен контраст
Ја коригира разликата помеѓу светлите и темните страни на екранот за оптимални резултати во зависност од осветленоста на екранот.
Динамично мапирање тон
Погодни подесувања за контрастот врз база на осветленоста на сликата на HDR содржината.
Динамична боја
Ја прилагодува бојата и заситеноста на сликата за поживописна слика со повеќе бои.
Претпочитана боја
Ја прилагодува бојата на кожата, тревата и небото кон вашите лични желби.
Супер резолуција
Ја прилагодува резолуцијата за исчистување на придушената и заматена слика.
Гама
Ја прилагодува средната осветленост на сликата.
Опсег на боја
Го избира опсегот на бои за прикажување. Поставете го спектарот на боите на Автоматски во согласност со сигналот, или пак прикажете поживописни и побогати бои во режимите Проширен и Широко.
Филтер за боја
Филтрира специфичен спектар од RGB бои за прецизно поставување на заситеност на боите и нијансата.
Баланс на бела боја
Прилагодување на боите на екранот кон топло или ладно чувство.
Систем за управување со бои
Оваа функција се користи од страна на експертите кога ги прилагодуваат боите со помош на тест шема од шест бои (Црвена / Зелена / Сина / Цијан / Магента / Жолта) без влијаење врз другите подрачја на боите.
За нормални слики, прилагодувањата може да не резултираат со забележителна промена на боите.
Во зависност од влезниот сигнал или избраниот режим на слика, достапните опции може да се разликуваат.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот.