Поставување на големината на екранот
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Слика Параметри за односот на екранот Однос на екранот
16:9
Прикажува однос на екранот од 16:9.
Оригинал
Го менува односот на екранот во 4:3 или 16:9 во зависност од влезниот видео сигнал.
Цел широк
Содржините можете да ги гледате на целосен екран.
Имајте предвид може да дојде до изобличување на сликата во зависност од типот на сигналот.
4:3
Прикажува однос на екранот од 4:3.
Вертикален зум
Можете да ја прилагодите вертикалната димензија на екранот и да го порамните екранот вертикално со користење на функциите Прилагодување на односот при зумирање и Прилагодување на положбата на екранот.
Зум во сите правци
Можете да ги прилагодите хоризонталните / вертикалните / дијагоналните димензии на екранот и да го порамните екранот хоризонтално / вертикално со користење на функциите Прилагодување на односот при зумирање и Прилагодување на положбата на екранот.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот или земјата.
При гледање на содржини од надворешен уред или, по подолго време, доколку има фиксиран текст како што е името на програмата или користење на однос на екранот од 4:3 може да доведе до врежување на сликата.
Во зависност од влезниот сигнал, достапните големини на екран може да се разликуваат.
Погледнете го екранот со Само скенирај
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Слика Параметри за односот на екранот Само скенирај
Ако ја поставите оваа функција на Вклучено, можете да ги гледате содржините во односот на екранот кој се содржи во емитуваниот сигнал или во изворот на содржината. Доколку работ на екранот не е чист, ве молиме да ја поставите функцијата на Исклучено.
Доколку е поставена на Автоматски, функцијата се префрлува помеѓу статусите Вклучено или Исклучено во зависност од информациите кои ги содржи видео сигналот.
Елементите кои може да се изберат може да се разликуваат во зависност од моменталниот влез.