Користење на функцијата за штедење енергија
Слика
Штедење енергија
Намалување на потрошувачката на енергија преку прилагодување на најголемата осветленост на екранот.
- Автоматски
-
Сензорот на телевизорот ја детектира амбиенталната светлина и автоматски ја прилагодува осветленоста на екранот.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели. - Исклучено
- Исклучување на режимот за штедење на енергија.
- Минимум / Средна / Максимум
- Примена на однапред поставен режим за штедење на енергија.
- Екранот е исклучен
-
Екранот се исклучува и се емитува само звук.
За повторно вклучување на екранот, притиснете на кое било копче освен на копчето за напојување и на копчињата за јачина на звук.
Доколку ја користите функцијата Штедење енергија, таа ќе влијае на осветленоста на вашиот телевизор.