Репродукција на звук преку внатрешните звучници на телевизорот
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез Внатрешен ТВ-звучник
Звукот се репродуцира преку внатрешните звучници на телевизорот.
Поврзување и користење на аудио уред кој поддржува Оптички
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез Оптички
Можете да поврзете аудио уред кој поддржува Оптички на оптичкиот дигитален аудио излезен приклучок за да уживате во побогат ТВ звук со поголема практичност.
Достапно само кај моделите со оптички дигитален приклучок.
Можете да го употребите далечинскиот управувач од телевизорот за прилагодување на јачината на звукот на поврзаниот уред.
Слушање звук преку надворешен аудио уред поврзан преку HDMI (ARC) приклучок
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез HDMI ARC
Звукот од телевизорот може да се емитува преку надворешен аудио уред поврзан преку HDMI (ARC) приклучок.
Изберете HDMI ARC за автоматски да го вклучите SIMPLINK. Откако SIMPLINK ќе се исклучи, подесувањата за излезните звучници автоматски се враќаат на зададените подесувања за непрекинато емитување на звукот.
Конфигурирање на поставките на дигиталниот звучен излез
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез Оптички / HDMI ARC Дигитален излезен звук
Можете да ги конфигурирате поставките за Дигитален излезен звук.
Овие поставки се достапни само кога е избрано Оптички / HDMI ARC.
Конфигурирање на поставките на дигиталниот звучен излез
Влезен звук Дигитален звучен излез
Автоматски MPEG PCM
Dolby Digital Dolby Digital
Dolby Digital Plus / Atmos (Optical) Dolby Digital
(HDMI ARC) Dolby Digital Plus / Atmos
HE-AAC Dolby Digital
DTS DTS / PCM
DTS Express DTS / PCM
DTS-HD MA PCM / DTS
PCM Сè PCM
Поврзување и користење на аудио уред безжично
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез Bluetooth
Можете безжично да поврзете Bluetooth аудио уред или Bluetooth слушалки за да уживате во побогат ТВ звук со поголема практичност.
Доколку неодамна сте поврзале уред кој звучникот во вид на лента го поддржува, функцијата LG Sound Sync автоматски ќе се обиде да се поврзе на тој уред.
Кај некои уреди, оваа функција автоматски се обидува да се поврзе на неодамна поврзаниот уред кога телевизорот е вклучен.
Ви препорачуваме да поврзете LG аудио уред кој поддржува LG Sound Sync, користејќи го режимот LG TV или LG Sound Sync режимот на уредот.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели.
Притиснете Избор на уред за да ги погледнете поврзаните уреди или уредите кои може да се поврзат за да извршите нивно поврзување.
Можете да го употребите далечинскиот управувач од телевизорот за прилагодување на јачината на звукот на одредени Bluetooth уреди.
Доколку уредот не се поврзе, проверете го напојувањето на уредот со кој сакате да се поврзете и проверете дали аудио уредот работи исправно.
Во зависност од типот на Bluetooth уредот, уредот може да не се поврзе правилно, или пак може да дојде до невообичаено однесување како на пример несинхронизирано видео или аудио.
Звукот може да се повторува или развлекува, или пак квалитетот на звукот може да се намали доколку:
  • Bluetooth уредот е предалеку од телевизорот;
  • постојат пречки помеѓу Bluetooth уредот и телевизорот; или пак
  • се користи заедно со радио опрема како микробранова печка или безжичен LAN.
Доколку функцијата Режим на слика е поставена на Игра и Звучен излез е поставено на Bluetooth, тогаш Режим на слика се менува во Стандардно.
Користење на Аудио излез (Линиски излез) / Поврзани слушалки
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез Аудио излез (Линиски излез) / Поврзани слушалки
Изберете Поврзани слушалки или Аудио излез (Линиски излез) за да го оптимизирате аудио излезот во согласност со поврзаниот уред.
Одредени модели може да ја поддржуваат само опцијата за Поврзани слушалки.
Ако поврзете слушалки додека телевизорот е вклучен, тој автоматски ќе ги открие слушалките и ќе го пренасочи звукот преку нив.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.
Истовремена репродукција на звук преку внатрешните звучници на телевизорот и надворешниот аудио уред
Звукот може да се репродуцира преку повеќе уреди истовремено.
Користење на Внатрешен ТВ-звучник + Поврзани слушалки
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез Внатрешен ТВ-звучник + Поврзани слушалки
Звукот истовремено се репродуцира преку внатрешните звучници на телевизорот и Поврзани слушалки.
Ако поврзете слушалки додека телевизорот е вклучен, тој автоматски ќе ги открие слушалките и ќе го пренасочи звукот преку нив.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.
Користење на Внатрешен ТВ-звучник + Оптички
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез Внатрешен ТВ-звучник + Оптички
Звукот истовремено се репродуцира преку вградените звучници на телевизорот и аудио уредот кој е поврзан на дигиталниот оптички аудио излезен приклучок.