Што претставува споделувањето на содржини?
Споделувањето на содржини ви овозможува да уживате во видео записи, музика и фотографии кои се зачувани на вашиот PC.
Репродуцирајте ги содржините со софтверот за споделување на компјутерот
Доколку на вашиот компјутер имате инсталирано Windows 7 или понова верзија, можете да репродуцирате музика, видео записи, фотографии итн. на вашиот телевизор, без да инсталирате посебна програма.
  1. Поврзете го телевизорот и компјутерот на истата мрежа. Компјутерите со инсталиран Windows 7 или понова верзија исто така треба да бидат поврзани на мрежата.
  2. Кликнете на десното копче од глувчето на музичката / видео / фотографската датотека којашто сакате да ја репродуцирате, потоа изберете го вашиот модел користејќи ја функцијата „Play To“ („Репродуцирај на“) којашто е вградена во Windows 7 или во поновите верзии за да ја репродуцирате датотеката.
    За репродукција на други уреди како вашиот мобилен телефон, погледнете во соодветното упатство за користење.
Дури и кога се поврзани повеќе телевизори или уреди, избраниот фајл се репродуцира само преку еден уред. Стапката на репродукција може да се разликува во зависност од мрежното поврзување.
Користете го SmartShare PC софтверот за репродукција на содржини зачувани на компјутерот
Можете да го користите SmartShare PC софтверот за да ја поврзете музиката / видео записите / фотографиите зачувани на компјутерот на вашата домашна мрежа и да ги репродуцирате на вашиот телевизор.
  1. Конфигурирајте ги телевизорот и компјутерот инсталирани со SmartShare на истата мрежа.
    SmartShare услугата е достапна само кога телевизорот и серверот PC се поврзани на еден рутер.
  2. Преземете го и инсталирајте го SmartShare PC софтверот од веб-сајтот на LG.
    Пред инсталирањето, излезете од сите програми кои работат на компјутерот, како што е програмот за заштитен ѕид или софтверот за заштита од вируси.
  3. Активирајте го SmartShare PC софтверот и конфигурирајте ги поставките за споделување.
  4. Споделените видео записи и фотографии се репродуцираат од апликацијата Фотографии и видеа на телевизорот, додека споделената музика се репродуцира од апликацијата Музика на телевизорот.
За да можете да го погледнете споделениот фајл на вашиот телевизор, серверот треба да работи.
Можете да ги проверите информациите од веб-сајтот во ПОЧЕТОКПОЧЕТОК ПРИКЛУЧОК НА УРЕД Компјутер Споделување содржини.
За информации во врска со користењето на SmartShare PC софтверот, погледнете во делот за помош на софтверот.
Важни работи за споделувањето на содржини
Проверете ги вашите поставки на мрежата ако опцијата за споделување на содржини не функционира правилно.
Можно е да не работи правилно на безжична мрежа. Се препорачува поврзување на кабелска мрежа.
Можно е да не работи правилно во зависност од мрежната околина.
Ако повеќе телевизори се поврзани на еден уред, содржината може да не се репродуцира правилно во зависност од перформансите на серверот.
За да гледате видео записи од 1080p преку функцијата за споделување на содржини, потребен е рутер кој користи фреквенција од 5 GHz. Ако се користи рутер од 2,4 GHz, можно е видео записите да не се репродуцираат правилно.
Функцијата за споделување на содржини може да не биде поддржана за рутер кој не поддржува multi-cast (повеќенасочно испраќање). За повеќе информации, погледнете во упатството за користење кое се испорачува со вашиот рутер или обратете се до производителот.
Преводите се поддржани само кај одредени поврзани уреди.
SmartShare PC софтверот се препорачува за читање на преводи.
Кога фајлот со превод се додава подоцна, оневозможете го споделениот фолдер и потоа повторно овозможете го.
DRM фајловите во поврзаниот уред нема да се репродуцираат.
Дури и за форматите на фајлови поддржани од телевизорот, поддржаниот формат на фајл може да се разликува во зависност од опкружувањето на поврзаниот уред.
Ако во еден фолдер има премногу фолдери и фајлови, можно е функционирањето да не биде правилно.
Информациите од фајлот вчитан од поврзаниот уред можно е да не се прикажат правилно.
Во зависност од кодирањето, некои проследувани содржини може да не се репродуцираат во режимот за споделување на содржини.