Споделување на содржини со Smartphone уред
Споделувањето на содржини ви овозможува да уживате во видео записите, музиката и фотографиите кои се зачувани на вашиот Smartphone уред кој е поврзан на истата мрежа.
Поврзување на smartphone уред со вашиот телевизор
  1. Притиснете го копчето ПОЧЕТОКПОЧЕТОК на далечинскиот управувач.
  2. Можете да ја активирате апликацијата ПРИКЛУЧОК НА УРЕД.
  3. Изберете Паметен телефон.
  4. Следете ги упатствата во ПРИКЛУЧОК НА УРЕД.

Приклучок за уредПриклучок за уред

Важни работи за споделувањето на содржини
Проверете ги вашите поставки на мрежата ако опцијата за споделување на содржини не функционира правилно.
Можно е да не работи правилно на безжична мрежа. Се препорачува поврзување на кабелска мрежа.
Можно е да не работи правилно во зависност од мрежната околина.
Ако повеќе телевизори се поврзани на еден уред, содржината може да не се репродуцира правилно во зависност од перформансите на серверот.
За да гледате видео записи од 1080p преку функцијата за споделување на содржини, потребен е рутер кој користи фреквенција од 5 GHz. Ако се користи рутер од 2,4 GHz, можно е видео записите да не се репродуцираат правилно.
Преводите се поддржани само кај одредени поврзани уреди.
Кога фајлот со превод се додава подоцна, оневозможете го споделениот фолдер и потоа повторно овозможете го.
DRM фајловите во поврзаниот уред нема да се репродуцираат.
Дури и за форматите на фајлови поддржани од телевизорот, поддржаниот формат на фајл може да се разликува во зависност од опкружувањето на поврзаниот уред.
Ако во еден фолдер има премногу фолдери и фајлови, можно е функционирањето да не биде правилно.
Информациите од фајлот вчитан од поврзаниот уред можно е да не се прикажат правилно.
Во зависност од кодирањето, некои проследувани содржини може да не се репродуцираат во режимот за споделување на содржини.