Проблеми при мрежно поврзување
Доколку имате некои од долунаведените проблеми при користење на производот, ве молиме проверете го следново: Можно е да нема проблем кај производот.
Можете да го проверите статусот на мрежното поврзување како што е прикажано подолу.
Загубено мрежно поврзување со ТВЗагубено мрежно поврзување со ТВ
Кога ќе се појави X до телевизорот
Проверете го телевизорот или AP (рутер).
Проверете го статусот на поврзување со телевизорот, AP (рутерот) и кабелскиот модем.
Исклучувајте и вклучувајте по следниот редослед;
1. Кабелскиот модем, почекајте да се ресетира кабелскиот модем.
2. AP (рутерот), почекајте да се ресетира AP (рутерот).
3. Телевизорот.
Доколку користите безжично поврзување, променете го SSID (Името на мрежата) и безжичниот канал на AP (рутерот).
Доколку користите статичка IP адреса, директно внесете ја IP адресата.
Контактирајте го провајдерот на интернет услугата или компаниите за AP (рутер).
Мрежното поврзување е загубено при GatewayМрежното поврзување е загубено при Gateway
Кога ќе се појави X до Gateway
Проверете го AP (рутерот) или консултирајте се со вашиот провајдер на интернет услуга.
Откачете го кабелот за напојување на AP (рутерот), кабелскиот модем и почекајте 10 секунди. Повторно вклучете.
Иницијализирајте (ресетирајте) го AP (рутерот) или кабелскиот модем.
Контактирајте го провајдерот на интернет услугата или компаниите за AP (рутер).
На веб-сајтот на производителот на AP (рутерот) проверете дали вашиот рутер ја има инсталирано најновата верзија на firmware.
Мрежното поврзување е загубено при DNSМрежното поврзување е загубено при DNS
Кога ќе се појави X до DNS
Проверете го AP (рутерот) или консултирајте се со вашиот провајдер на интернет услуга.
Откачете го кабелот за напојување од кабелскиот модем или од AP (рутерот) и почекајте 10 секунди. Повторно вклучете.
Иницијализирајте (ресетирајте) го AP (рутерот) или кабелскиот модем.
Проверете дали MAC адресата на TV / AP (рутерот) е регистрирана на вашиот провајдер на интернет услугата. (MAC адресата која е прикажана во делот од прозорецот за мрежниот статус треба да се регистрира кај вашиот провајдер на интернет услугата.)