Грешки кај напојувањето / далечинскиот управувач
Доколку имате некои од долунаведените проблеми при користење на производот, ве молиме проверете го следново: Можно е да нема проблем кај производот.
Не можам да го вклучам телевизорот.
Проверете дали кабелот за напојување на телевизорот е правилно приклучен во приклучокот за напојување.
Доколку користите повеќекратен приклучок за напојување, проверете дали тој функционира правилно. За да проверите дали изворот за напојување работи исправно, вклучете го кабелот за напојување на телевизорот директно во ѕиден штекер и надгледувајте го неговото работење.
Обидете се да го вклучите телевизорот со помош на копчето кое се наоѓа на телевизорот.
Екранот не се појавува одредено време по вклучувањето.
Ова се случува затоа што во тек е процес за отстранување на шумот за да го елиминира евентуалниот шум кој може да се јави при вклучување. Ова не значи дека производот е неисправен.
Покажувачот на Далечинскиот управувач за магично движење не се појавува не екранот.
Насочете го далечинскиот управувач кон телевизорот и притиснете го копчето GUIDE во времетраење од пет секунди. Претходно регистрираниот далечински управувач ќе се дерегистрира и потоа повторно ќе се регистрира.
Заменете ги батериите кога тоа ќе биде побарано од вас на екранот на телевизорот. (Користете алкални батерии.)
Ако Звучни упатства е поставен на Вклучено, покажувачот на магичниот далечински управувач нема да се појави. Поставете ја опцијата Звучни упатства на Исклучено. (Оваа функција е достапна само во одредени земји.)
Ова се однесува само на моделите кои го поддржуваат Далечинскиот управувач за магично движење.
Не можам да го вклучам телевизорот со далечинскиот управувач.
Проверете дали кабелот за напојување на телевизорот е правилно приклучен во приклучокот за напојување.
Заменете ги батериите во далечинскиот управувач. (Користете алкални батерии.)
Проверете дали има некакви пречки пред сензорот на телевизорот за далечинскиот управувач. Sound Bar - звучните системи или другите пречки кои се поставени пред долниот приемник на телевизорот можат да го попречат приемот на IR сигналите.