Проблеми со звукот
Доколку имате некои од долунаведените проблеми при користење на производот, ве молиме проверете го следново: Можно е да нема проблем кај производот.
Како прво, извршете ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Тестирање на звук за проверка на можни неисправности на телевизорот.
Ако користите дигитален приемник, исклучете го, а потоа повторно вклучете го.
Проверете дали дигиталниот приемник е правилно поврзан со вашиот телевизор.
Екранот е добар, меѓутоа не репродуцира никаков звук.
Обидете се со друга програма.
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Звучен излез
Проверете дали Звучен излез е поставено на Внатрешен ТВ-звучник + Оптички или Внатрешен ТВ-звучник.
Ако користите дигитален приемник, нема да има звук доколку сте ја поставиле јачината на звукот на дигиталниот приемник или на телевизорот на 0 или сте ја овозможиле функцијата за исклучување на звукот. Поставете ја јачината на звукот на соодветно ниво.
Еден од звучниците не емитува звук.
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Параметри на звучниот режим Баланс
Прилагодете го балансот како што е потребно со копчето за навигација во Баланс.
Кога вршите поврзување со AV IN / COMPONENT IN, проверете дали каблите на левиот / десниот аудио канал (во бела / црвена боја) се правилно поврзани. (Приклучоците AV IN / COMPONENT IN се достапни само кај одредени модели.)
TV звукот не е синхронизиран со сликата, или звукот понекогаш се губи.
Ако ова се случува само кај некои програми, можно е да е предизвикано од преносниот сигнал на компаниите за емитување. Ве молиме обратете се на вашиот обезбедувач на телевизиска услуга (кабелска) да го дијагностицира проблемот.
Ако сите канали не се синхронизирани, одете во ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Прилагодување на синхронизацијата на AV и прилагодете го синхронизирањето.
Доколку користите дигитален приемник, консултирајте се со неговиот испорачател.
Јачината на звукот се менува кога ја менувам програмата.
Јачината на звукот на различните излези при пренос на станиците за емитување може да се разликува.
ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Икона за поставкиИкона за поставки Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Звук Режим Звук Автоматски волумен
Поставете ја функцијата Автоматски волумен на Вклучено.
Доколку користите дигитален приемник, консултирајте се со неговиот испорачател.
Кај одредени програми звукот не функционира или се репродуцира музика во заднина.
(Програми создадени за извоз од страна на компаниите за емитување)
Тркалце (OK) Аудио јазикАудио јазик
Поставете ги посакуваните вредности за јазик во Јазик за аудио.