Со повеќекратно замрзнување и одмрзнување на разменувачот на топлина на клима уредот, загадувачите, како прашина, се измиваат и апаратот се одржува чист.
По чистењето, се намалува влагата во внатрешната единица.
Кај некои надворешни единици, AL се појавува на приказот на внатрешната едница.
Функцијата Целосно чистење ќе заврши откако апаратот ќе се исуши.
Ако влажноста во просторијата е висока кога работи функцијата Целосно чистење, областа во близина на внатрешната единица може да се замагли.
Функцијата Целосно чистење може да се користи во затворен простор на 21 7 до 32 7 и на отворено на 21 7 до 37 7. Функцијата Целосно чистење е функција за управување со хигиена, а не функција за ладење, така што условите за користење може да се разликуваат од гарантираната температура на ладење на апаратот.
Ако функцијата Целосно чистење работи на температура надвор од дозволениот опсег, се огласува аларм на апликацијата LG ThinQ и функцијата не работи.
Функцијата Целосно чистење е достапна дури и кога апаратот работи.
Ако го притиснете копчето t на апаратот или на далечинскиот управувач за време на Целосно чистење, функцијата Целосно чистење се деактивира.
За време на Целосно чистење, може да се слушне звук „тик-тик“ или „так-так“ додека апаратот се проширува или се собира.
По Целосно чистење, апаратот автоматски ќе се исклучи. Кога повторно ќе се вклучи напојувањето, ќе работи во режим Ладење.
Ако е поставена функцијата Тајмер, функцијата Целосно чистење може да не работи правилно.
Ладен воздух излегува од отворот за излез кога е активирана функцијата Целосно чистење.