Горе > РАБОТЕЊЕ > Подготовка за перење > Проверка на алиштата пред перење

Проверка на алиштата пред перење

  • За да може алиштата да се распоредат еднакво за време на центрифугата, комбинирајте големи и мали парчиња.

  • Не перете мали единечни парчиња. Додајте 1-2 слични парчиња за да спречите неизбалансирано полнење.

  • Проверете дали сите џебови се празни. Предмети какви што се, клинови, шноли, ќибрити, пенкала, парички и клучеви може да ги оштетат и машината и вашите алишта.

  • Кога перете алишта со долги прикачени ремени, врзете ги или користете мрежа за алишта.

  • Користете мрежа за алишта за мали артикли, како ракави, хулахопки, долна облека и чорапи за да спречите да не се заглават помеѓу барабанот и гумичката на барабанот.

  • Наполнете ја мрежата за алишта со помалку од половина капацитет и перете со другите алишта. Избегнувајте да преполнувате или да перете одделно бидејќи така може да се наруши балансот на барабанот, а тоа да предизвика несоодветно центрифугирање.

  • Затворете ги патентите, закопчајте ги копчињата и врзете ги врвките за да не се заплеткаат алиштата.

  • Истретирајте ги нечистотијата и дамките претходно со тоа што ќе ги исчеткате дамките со мала количина детергент растворен во вода.