Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.
Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.
Отворете ја вратата од фрижидерот и држете го телефонот близу до горниот десен агол од горниот дел на фрижидерот.
Притиснете го копчето Settings и изберете Smart Diagnosis во менито.
Притиснете на копчето Confirm.
Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.
За најдобри резултати, не помрднувајте го телефонот додека се пренесуваат звуците.