Оваа функција е достапна само за некои модели.
Контролна табла
Контролна табла за диспензер
Ice On
Притиснете и држете го копчето Ice On три секунди за да го вклучите/исклучите автоматот за мраз.
Super Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
Притиснете го копчето Super Freeze за да се активира функцијата во траење од 20 часа. Функцијата автоматски се исклучува по 20 часа.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -23 °C и -15 °C.
Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
Реалната внатрешна температура варира во зависност од статусот на храната, бидејќи наведеното подесување за температура е целната температура, а не реалната температура во апаратот.
Super Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Non Plumbing*1
Иконата Non Plumbing свети кога резервоарот на диспензерот за вода е правилно монтиран.
Water Filter*1
Заменете го филтерот за вода кога ќе светне индикаторот.
Тип на вода и мраз*1
Изберете го посакуваниот режим на диспензерот со копчињата на контролната табла на диспензерот. Притиснете на прекинувачот на диспензерот со чаша или друг сад за да добиете коцки мраз, вода или издробен мраз.
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување од 1 °C на стандардната температура за секоја преграда.
Прикажаната температура е целната температура, а не актуелната температура во апаратот.
Актуелната температура во апаратот зависи од следните фактори: собната температура, количината на храна и колку често се отвораат вратите, локацијата на апаратот. Поставувајте температура земајќи ги предвид овие фактори.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.