Инсталирање на апликации
Можете да ја користите вашата LG сметка за да инсталирате разни апликации на вашиот телевизор.

- Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач и изберете
во долниот десен агол од екранот. - Се активира LG Content Store.
- Изберете категорија од листата на категории како Апликации & игри или Премиум. Ќе се прикаже листа на достапни апликации во избраната категорија.
- Од листата изберете ја апликацијата која сакате да ја купите.
- Прочитајте ги деталите на апликацијата, а потоа притиснете Инстали..
Цената за апликациите со плаќање се прикажува на екранот. Потребна е проверка на идентитет за плаќањето и купувањето. - Кога ќе заврши инсталацијата, можете веднаш да ја активирате апликацијата. Можете да ги видите сите апликации кои се инсталирани на вашиот телевизор. Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач и изберете
во долниот десен агол од екранот.
Достапните категории може да се разликуваат во зависност од земјата или статусот на услугата.
Можете да купувате апликации/содржини на вашиот компјутер или телевизор, но тие може да се инсталираат и да се репродуцираат само на телевизорот.
Доколку нема доволно мемориски простор на вашиот телевизор, можете да ги инсталирате апликациите со поврзување на надворешен мемориски уред.
USB уредите кои содржат апликации од други телевизори можно е да не може да се користат.
Гледање VOD содржини
[Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Можете веднаш да уживате во драмите, филмовите и многу повеќе од тоа со проследувањето во реално време.
Можете веднаш да уживате во драмите, филмовите и многу повеќе од тоа со проследувањето во реално време.
- Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач и изберете
во долниот десен агол од екранот. - Се активира LG Content Store.
- Изберете категорија од листата на категории како ТВ-емисии или Филмови. Ќе се прикаже листа на достапни содржини во избраната категорија.
- Изберете елемент од листата.
- Прочитајте ги деталите на содржината, а потоа притиснете Гледај сега.
- Изберете опција за репродукција. Можно е да биде потребна апликација за репродукција на содржината преку избраната опција за репродукција. Доколку не е инсталирана, инсталирајте ја апликацијата за да ја репродуцирате содржината.
- За апликациите со плаќање, потребна е проверка на идентитет за плаќањето и купувањето.
- Содржината се репродуцира преку избрана опција.
Достапните категории може да се разликуваат во зависност од земјата или статусот на услугата.
[Оваа функција е достапна само кај 3D моделите.] Одредени 3D содржини може да се гледаат само на телевизорот за кои биле купени.
За купувањето и репродукцијата на содржини за возрасни потребна е проверка на возраста.