Создавање на LG сметка
За да преземате апликации од LG Content Store потребно е прво да се најавите.
Во Управување со сметка, можете да ја искористите вашата e-mail адреса за да создадете нова LG сметка.
  1. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете Setting icon во горниот десен дел.
  2. Изберете Advanced Settings iconОпштоУправување со сметка.
  3. Изберете СОЗДАЈ СМЕТКА. Прочитајте ги и прифатете ги Условите за користење.
  4. Внесете ID и лозинка. Вашиот ID мора да биде вашата e-mail адреса.
  5. Внесете го вашиот роденден.
  6. Изберете ОК. Одете на вашиот e-mail за да ја потврдите вашата e-mail адреса. Ве молиме потврдете ја вашата e-mail адреса пред да истече времето.
  7. Најавете се со вашата нова сметка за да започнете да ја користите услугата.
За да создадете сметка потребна е интернет врска.
Потребните информации може да се разликуваат во зависност од земјата.
Постоечките ID кои не користат e-mail адреса може да се префрлат на вашата e-mail адреса.
Можете да се најавите со вашата Facebook или Google сметка.
(Другите функции освен функцијата за најавување може да не бидат достапни.)
Пристапот до услугата може да ви биде ограничен во зависност од вашата возраст.
За да ги решите проблемите кои се поврзани за оваа функција, погледнете во делот ‘Отстранување на проблеми’ од Водич за корисници.