Користење на апликацијата LG TV Remote
Можете да ги контролирате функциите на вашиот телевизор преку апликациите кои се инсталирани на вашиот паметен уред.
  1. Преземете ја апликацијата LG TV Plus од Apple App Store или Google Play Store, во зависност од OS на паметниот уред.
    Апликацијата можете лесно да ја преземете со скенирање на QR кодот.
    Android

    Android QR

    iOS

    iOS QR

  2. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете Setting icon во горниот десен агол од екранот.
  3. Одете во Advanced Settings iconМрежа и поставете го LG Connect Apps на Вклучено.
  4. Поврзете го телевизорот и паметниот уред на истата Wi-Fi мрежа.
  5. Активирајте ја апликацијата LG TV Plus на вашиот паметен уред.
  6. Допрете го копчето Започни за да се изврши скенирање за телевизорите кои може да се поврзат на вашиот паметен уред.
  7. Од листата со резултатите од пребарувањето изберете го саканиот телевизор. На ТВ екранот ќе се прикаже PIN код.
  8. Внесете го PIN кодот во апликацијата LG TV Plus за да го впарите вашиот паметен уред со телевизорот.
  9. Можете да ги допирате копчињата на екранот на вашиот паметен уред за да го контролирате телевизорот.

    LG TV Remote App

    1. Можете да користите разни апликации кои се инсталирани на телевизорот.
    2. Можете далечински да ги контролирате ТВ каналите, јачината на звукот, итн.
    3. Можете да го поместувате покажувачот на ТВ екранот исто како што го користите Далечинскиот управувач за магично движење.
Екранот на апликацијата и функционалноста подлежат на промена без претходно известување.
За функциите е потребно поврзување со мрежа.
Поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата.