Kористење на далечинско управување на екран
  1. Притиснете го копчето Screen Remote на Далечинскиот управувач за магично движење.
  2. Изберете копче на далечинскиот управувач кој ќе се прикаже на екранот со помош на Далечинскиот управувач за магично движење.

Screen Remote

  1. Снимање ТВ : Можете да го снимите ТВ екранот. [Оваа функција е достапна само кај одредени модели.]
    Можете да ја погледнете/избришете снимената слика во SmartShare.
    Можете да ја уредите снимената слика во LG Photo Editor.
  2. Користете ја функцијата Постави универзална контрола за поврзаните надворешни уреди.
    Доколку изберете поврзан уред, се менува во далечинскиот управувач на избраниот уред.
  3. Ќе се прикаже копче на далечинскиот управувач во согласност со избраниот уред.
  4. Звучен излез : Можете да го репродуцирате излезниот звук со помош на саканиот аудио уред.
Ова можете да го користите само со Далечинскиот управувач за магично движење.
Доколку не ви е испорачан Далечинскиот управувач за магично движење, можете да го купите одделно.
Типот на копчињата на далечинското управување на екран се разликува во зависност од регионот или типот на поврзаниот уред.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот или земјата.