Поставување на универзална контрола
Можете да контролирате уреди како вашиот дигитален приемник, Blu-ray плеер или домашно кино.
  1. Проверете дали уредот кој сакате да го поставите е поврзан со вашиот телевизор.
  2. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете Input button во горниот десен дел.
  3. Изберете го режимот на влез на кој е поврзан уредот во Сите влезови.
  4. Притиснете го копчето Screen Remote на далечинскиот управувач за да го активирате далечинскиот управувач на екран.
  5. Од листата за избор на уреди изберете го уредот кој сакате да го поставите.
  6. Доколку притиснете Постави, можете да ја поставите универзалната контрола. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите поставувањето.
Можете да влезете на екранот за поставување на далечинскиот управувач и од HOMEInput buttonСите влезовиПостави универзална контрола.
Доколку сакате да ги промените или откажете поставките за универзалната контрола, одете во HOMEInput buttonСите влезови и изберете Уреди универзална контрола.
Исто така, можете да ја поставите и универзалната контрола преку HOMEMy App buttonПриклучок на уред.
Ова можете да го користите само со Далечинскиот управувач за магично движење.
Доколку не ви е испорачан Далечинскиот управувач за магично движење, можете да го купите одделно.
Оваа функција е достапна само во одредени земји.
Кога ги менувате поставките, проверете дали уредот на кој треба да се извршат промените е вклучен.
Можете да поставувате само еден уред од одреден тип.
Ако се поврзете на мрежа пред поставување на универзалната контрола, ќе биде достапно најновото ажурирање за поддржаната листа на производители.
Одредени копчиња може да не функционираат во зависност од моделот на надворешниот уред.
За полесно управување поставете го уредот во близина на телевизорот.
Ако уредот е во фиока, отворете ја фиоката.