Користење на SIMPLINK
Можете лесно да контролирате и да користите разни мултимедиумски уреди поврзани преку HDMI со далечинскиот управувач на телевизорот.
- Поврзете го SIMPLINK HDMI излезниот приклучок на телевизискиот HDMI IN приклучок со HDMI кабел.
- Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач и изберете
во горниот десен дел. - Одете во
Општо и изберете SIMPLINK. - Поставете ја опцијата SIMPLINK на Вклучено.
- Конфигурирајте ги поставките на Автоматска синхронизација на Вклучено или Исклучено. (Ако функцијата за автоматско напојување е поставена на Вклучено, со вклучување на уред поврзан преку SIMPLINK ќе се вклучи и телевизорот. Кога ќе го исклучите телевизорот, ќе се исклучи и уредот.)
- Вклучете го поврзаниот уред. Кога телевизорот автоматски се поврзува на уредот, влезот ќе се префрли.
Доколку уредот не се поврзе автоматски на телевизорот, кликнете на копчето Влез.
Оваа функција функционира само кај уредите со логото
. Проверете дали надворешниот уред го има логото SIMPLINK.
Можно е да постои проблем со користењето на уредот ако уредот не ги исполнува бараните спецификации.
. Проверете дали надворешниот уред го има логото SIMPLINK. Можно е да постои проблем со користењето на уредот ако уредот не ги исполнува бараните спецификации.
Потребен е HDMIⓇ кабел со голема брзина со функција CEC (Контрола на електроника за широка потрошувачка) за користење на SIMPLINK. Pin со бр.13 од HDMIⓇ кабелот со голема брзина се користи за пренос на податоци помеѓу уредите.
Доколку сакате да го проследувате звукот кон надворешна аудио опрема поврзана со HDMI кабел, поставете ја опцијата SIMPLINK на Вклучено.
Поддржани SIMPLINK функции
| Моментално репродуцирање |
| Кога активирате мултимедиумски уред, можете веднаш да гледате содржини од уредот на телевизорот без потреба од контролирање. |
| Контрола на уреди со далечинскиот управувач на телевизорот |
| Му овозможува на корисникот да контролира со мултимедиумските уреди со далечинскиот управувач на телевизорот за да гледа содржини.
Функцијата на покажувачот на Далечинскиот управувач за магично движење може да биде ограничена. |
| Исклучување на главното напојување |
| Доколку автоматското синхронизирано напојување е поставено на вклучено во поставките на SIMPLINK, исклучувањето на вашиот телевизор ќе ги исклучи сите ваши уреди поврзани преку SIMPLINK. |
| Вклучување на главното напојување |
| Ако функцијата за автоматско синхронизирано напојување е поставена на вклучено во поставките на SIMPLINK, со вклучување на уред поврзан преку SIMPLINK ќе се вклучи и телевизорот. |