Користење на Пријател за говор
Пријателот за говор ви овозможува да пребарувате програми и содржини и да активирате разни функции на LG webOS TV преку вашиот глас.
  1. Притиснете го копчето Mike на Далечинскиот управувач за магично движење.
  2. Изговорете ја посакуваната операција кога ќе се прикаже прозорецот со приказ на информации за Пријател за говор во долниот десен агол на ТВ екранот како што е прикажано подолу. Текстот кој ќе го изговорите се прикажува на екранот и ја активира функцијата Пријател за говор.

    Voice Mate display

    Speak to Magic Remote

  3. Кога ќе заврши операцијата, ќе се појави листа со резултати како што е прикажано подолу. Изберете го саканиот резултат или пребарајте повторно со притиснување на копчето Mike на Далечинскиот управувач за магично движење.

    Search Result on Voice Mate

Оваа функција е достапна само во одредени земји.
Морате да поставите јазик за препознавање на говор за избраната земја за да го користите Пријателот за говор.
Достапни функции при користење на Пријател за говор
Можете да пристапите кон разни функции на телевизорот со користење на Пријател за говор.
ГЛЕДАЊЕ ТВ
Снима програми или ги менува каналите и јачината на звук,
на пр. , "зголемување/намалување на јачината на звук." / "Оди на канал OOO (број)." / "Оди на OOO (име на канал)."
КОНФИГУРАЦИИ
Го префрлува влезниот сигнал кон уредите поврзани на телевизорот или го конфигурира ТВ,
на пр. , "HDMI1" / "Поставки за слика" / "Поставки за звук" / "Тајмер за мирување"
КРАТЕНКИ
Ги овозможува апликациите инсталирани на телевизорот,
на пр. , "ТВ водич" / "Информации за програмата" / "YouTube" / "Приклучок на уред"
ПРЕБАРУВАЊЕ ТВ ПРОГРАМИ
[Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Пребарува емитувана програма или прикажува информации за програмата,
на пр. , "Пронајди спортски канали." / "Кои сапунски опери се прикажуваат за викенд." / "Пронајди сапунски опери од OOO (актер)."
ПРЕБАРУВАЊЕ ВИДЕО ЗАПИСИ
[Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Ги пребарува или ви ги предложува саканите содржини,
на пр. , "Што било за гледање." / "Пребарување на YouTube за OOO (наслов на филм)."
ИНФОРМАЦИИ ОД ПРЕБАРУВАЊЕ
[Оваа функција е достапна само во одредени земји.]
Ја пребарува временската прогноза и ви овозможува да пребарувате на интернет,
на пр. , "Пребарување за OOO (збор за пребарување) на интернет." / "Какво е времето во OOO (град)?
Достапните функции може да се разликуваат во зависност од земјата.
За да видите листа од претходните резултатите од пребарувањата, притиснете го копчето Down на Далечинскиот управувач за магично движење на прозорецот со приказ на информации за Пријател за говор.
Текстот за пример може да се разликува од ТВ функциите. За да го видите гласовниот водич на поддржаните функции, притиснете тркалце (OK) кога ќе се прикаже прозорецот со приказ на информации за препознавање на говор.
Мерки на претпазливост при користење на Пријател за говор
За да ја користите секоја функција од Пријателот за говор, мора да ги поставите опциите како мрежа, канал и регион. Во спротивно, Пријателот за говор е ограничен на делумна употреба.
Не можете да ја користите функцијата за менување канали на одредени канали кога мрежата не е поврзана.
Кога телевизорот е поврзан на мрежа, за да го користите препознавањето на говор мора да се согласите со Условите за користење.
Јазикот за препознавање на говор може да се промени во HOMESetting iconAdvanced Settings iconОпштоЈазик (Language)Јазик за гласовно пребарување.
Во зависност од вашата земја, Пријателот за говор може да се користи без поставување на региони или канали.
Стапката на препознавање на говор на Пријателот за говор може да се разликува во зависност од карактеристиките на корисникот (јачина на глас, изговор, интонација и брзина) и опкружувањето (ниво на шум и јачина на звук на телевизор).
За да ја подобрите точноста на препознавањето на говор, мора да говорите јасно и гласно на растојание од околу 10 cm од микрофонот на Далечинскиот управувач за магично движење.
Доколку вашиот глас не биде правилно препознаен, Пријателот за говор може да не функционира правилно.
Кога користите Пријател за говор на Далечинскиот управувач за магично движење откако ќе го поврзете дигиталниот приемник на LG webOS TV, ви советуваме да го насочите Далечинскиот управувач за магично движење кон дигиталниот приемник откако ќе заврши препознавањето на говор.