Користење на Live Playback (репродукција во реално време)
Тоа е функција која можете да ја користите за привремено зачувување на тековно гледаната програма на USB HDD уред, за да можете да репродуцирате одредена сцена која сте ја пропуштиле за време на гледањето телевизија. Оваа функција ви овозможува да продолжите со гледањето од местото каде што сте запреле доколку накратко сте морале да прекинете.
- Поврзете го USB HDD уредот на USB приклучокот.
- Поставете ја на Вклучено опцијата Репродукција во живо.
- Додека гледате емитување во живо, со покажувачот изберете ја саканата точка на лентата за напредување.
На лентата за напредување изберете претходна точка која се разликува од тековната точка.

Изберете уред кој ќе го користите со Репродукција во живо кога два или повеќе USB HDD уреди ќе се поврзат на телевизорот.
Не можете да користите USB флеш уред. Поврзете USB HDD со простор за складирање од 80 GB или повеќе.
Ако нема доволно слободен простор на USB HDD уредот, Репродукција во живо може да не работи правилно. За да ја користите функцијата Репродукција во живо, потребен ви е USB HDD уред со најмалку 1 GByte слободен простор.
Може да се користи за аналогно или дигитално емитување и во режим на влез. Сепак, оваа опција не можете да ја користите додека слушате радио канал.
Со помош на функцијата Репродукција во живо, можете да репродуцирате програма со траење до два часа. Ова време може да се разликува во зависност од регионот.
Зачуваните видео снимки во режимот Репродукција во живо се бришат ако го исклучите телевизорот без да ги снимите.
За одредени Ultra HD модели, доколку се користи функцијата Репродукција во живо за аналоген канал, не можете да го изберете делот за меѓумеморија (бафер) за програмите емитувани во Ultra HD. (Каналот ќе се префрли на тековната програма која се емитува кога ќе го изберете делот.)