Репродукција на звук преку внатрешните звучници на телевизорот


ЗвукЗвучен излезВнатрешен ТВ-звучник Звукот се репродуцира преку внатрешните звучници на телевизорот.
Оваа функција е достапна само за модели со вградени ТВ звучници.
Репродукција на звук преку надворешен аудио уред поврзан на дигитален оптички приклучок или на HDMI (ARC) приклучок


ЗвукЗвучен излезАудио излез (Oптички/HDMI ARC) Звукот на телевизорот се репродуцира преку надворешен аудио уред поврзан на дигитален оптички приклучок или на HDMI (ARC) приклучок. Овозможете SIMPLINK за да репродуцирате звук преку HDMI (ARC).
Доколку изберете Исклучено кога е овозможен SIMPLINK, поставувањето на аудио излезот се враќа на зададеното поставување со цел да се осигура непрекинат аудио излез.
Конфигурирање на поставките на дигиталниот звучен излез


ЗвукЗвучен излезАудио излез (Oптички/HDMI ARC)Дигитален излезен звук Можете да ги конфигурирате поставките за Дигитален излезен звук.
Овие поставки се достапни само кога е избран надворешен аудио уред (дигитален оптички или HDMI ARC)/внатрешни звучници на телевизорот + надворешен аудио уред (дигитален оптички).
| Влезен звук | Дигитален звучен излез | |
| Автоматски | MPEG | PCM |
| Dolby Digital | Dolby Digital | |
| Dolby Digital Plus | Dolby Digital | |
| HE-AAC | Dolby Digital | |
| DTS | DTS / PCM | |
| DTS Express | PCM | |
| DTS-HD MA | PCM / DTS | |
| PCM | Сè | PCM |
Поврзување и користење на аудио уред кој поддржува LG синхронизација на звук
Можете да уживате во побогат ТВ звук со поголема практичност со поврзување на LG аудио уред кој го носи логото
.
. Поврзување на дигиталниот оптички приклучок


ЗвукЗвучен излезLG синхронизација на звук (Oптичка) Поврзете го вашиот LG аудио уред на дигиталниот оптички аудио излезен приклучок.
Достапно само кај моделите со дигитални оптички приклучоци.
Можете да го употребите далечинскиот управувач од телевизорот за прилагодување на јачината на звукот на поврзаниот уред.
Безжично поврзување


ЗвукЗвучен излезLG синхронизација на звук (Безжично) Секој звучник во вид на лента или аудио уред со Bluetooth слушалки кој поддржува LG синхронизација на звук може безжично да се поврзе.
Изберете Избор на уред/Прикажи повеќе уреди за да ги погледнете поврзаните уреди и уредите кои се достапни за поврзување.
Можете да го употребите далечинскиот управувач од телевизорот за прилагодување на јачината на звукот на поврзаниот уред.
При безжичното поврзување, ако поврзувањето со уредот не биде успешно, проверете го напојувањето на поврзаниот уред и проверете дали LG аудио уредот е во добра работна состојба.
Кога е избрано LG синхронизација на звук (Безжично), телевизорот автоматски се обидува да се поврзе на претходно поврзаниот звучник во вид на лента.
Кога е избрано LG синхронизација на звук (Безжично), телевизорот автоматски се обидува да се поврзе на последно поврзаниот уред при вклучувањето.
Проверете дали "LG HBS / LG BTS1" е вклучено во името на моделот на уредот кој го користите.
Доколку се откриени два или повеќе уреди, ќе се поврзе првиот откриен уред. Можете да се поврзете на друг уред со притиснување на Прикажи повеќе уреди.
За одредени модели, мора да поврзете Wi-Fi/Bluetooth предавател (испорачан како дополнителна опрема или одделно) за да ја користите оваа функција.
Користење на Аудио излез (Линиски излез) / Поврзани слушалки


ЗвукЗвучен излезАудио излез (Линиски излез) / Поврзани слушалки Изберете Поврзани слушалки или Аудио излез (Линиски излез) за да го оптимизирате аудио излезот во согласност со поврзаниот уред.
Одредени модели може да ја поддржуваат само опцијата за Поврзани слушалки.
Ако поврзете слушалки додека телевизорот е вклучен, тој автоматски ќе ги открие слушалките и ќе го пренасочи звукот преку нив.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.
Истовремена репродукција на звук преку внатрешните звучници на телевизорот и надворешниот аудио уред
Звукот може да се репродуцира преку повеќе уреди истовремено.
Оваа функција е достапна само за модели со вградени ТВ звучници.
Користење на Внатрешен ТВ-звучник + Поврзани слушалки


ЗвукЗвучен излезВнатрешен ТВ-звучник + Поврзани слушалки Звукот истовремено се репродуцира преку внатрешните звучници на телевизорот и Поврзани слушалки.
Ако поврзете слушалки додека телевизорот е вклучен, тој автоматски ќе ги открие слушалките и ќе го пренасочи звукот преку нив.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели или во одредени земји.
Можете да ја прилагодите јачината на звукот на слушалките со Далечинскиот управувач на екран.
Користење на Внатрешен ТВ-звучник + Aудио излез (Oптички)


ЗвукЗвучен излезВнатрешен ТВ-звучник + Aудио излез (Oптички) Звукот истовремено се репродуцира преку вградените звучници на телевизорот и аудио уредот кој е поврзан на дигиталниот оптички аудио излезен приклучок.
Репродукција на звук преку Лента за ТВ-звучник


ЗвукЗвучен излезЛента за ТВ-звучник Можете да репродуцирате звук користејќи го звучникот во вид на лента од телевизорот.
Оваа функција е достапна само за модели кои го поддржуваат звучникот во вид на лента од телевизорот.
Репродукција на звук преку Лента за ТВ-звучник + Поврзани слушалки


ЗвукЗвучен излезЛента за ТВ-звучник + Поврзани слушалки Можете да репродуцирате звук преку звучникот во вид на лента од телевизорот и Поврзани слушалки истовремено.
Оваа функција е достапна само за модели кои го поддржуваат звучникот во вид на лента од телевизорот.