Што претставува споделувањето на содржини?
Споделувањето на содржини ви овозможува да уживате во видео записи, музика и фотографии кои се зачувани на вашиот PC.
Репродуцирајте ги содржините со софтверот за споделување на компјутерот
Доколку оперативниот систем на компјутерот е Windows 7 или Windows 8, можете да репродуцирате музика, видео записи или фотографии на вашиот телевизор без инсталирање на дополнителен програм.
  1. Конфигурирајте ги телевизорот и компјутерот на истата мрежа. Исто така, конфигурирајте ја мрежата на компјутерот на кој е инсталиран Windows 7 или Windows 8.
  2. Кликнете на десното копче од глувчето на музичкиот, видео или фото фајлот и изберете го моделот со помош на функцијата Play To која се наоѓа на Windows 7 или Windows 8 за да ги репродуцирате избраните фајлови.
    За репродукција на други уреди како вашиот мобилен телефон, погледнете во соодветното упатство за користење.
Дури и кога се поврзани повеќе телевизори или уреди, избраниот фајл се репродуцира само преку еден уред. Стапката на репродукција може да се разликува во зависност од мрежното поврзување.
Користете го SmartShare PC софтверот за репродукција на содржини зачувани на компјутерот
Можете да го користите SmartShare PC софтверот или Smartphone уредот за да ја поврзете музиката/видео записите/фотографиите зачувани на компјутерот на вашата домашна мрежа и да ги репродуцирате на вашиот телевизор.
  1. Конфигурирајте го телевизорот и уредот (на пр., smartphone уредот) на кој е инсталиран SmartShare на истата мрежа.
    SmartShare услугата е достапна само кога телевизорот и сите уреди се поврзани на еден рутер.
  2. Ако користите PC, преземете и инсталирајте го SmartShare PC софтверот од веб-сајтот. Пред инсталирањето, излезете од сите програми кои работат на компјутерот, како што е програмот за заштитен ѕид или софтверот за заштита од вируси.
За да можете да го погледнете споделениот фајл на вашиот телевизор, серверот треба да работи.
За да ги проверите информациите за веб-сајтот, кликнете на копчето HOME button on the remote control за да изберете My App button во долниот десен агол на екранот. Можете да ги проверите информациите во Приклучок на уредКомпјутерСподелување содржини.
За информации во врска со користењето на SmartShare PC софтверот, погледнете во делот за помош на софтверот.
Важни работи за споделувањето на содржини
Проверете ги вашите поставки на мрежата ако опцијата за споделување на содржини не функционира правилно.
Можно е да не работи правилно на безжична мрежа. Се препорачува поврзување на кабелска мрежа.
Ако повеќе телевизори се поврзани на еден уред, содржината може да не се репродуцира правилно во зависност од перформансите на серверот.
Можно е да не работи правилно во зависност од мрежната околина.
За да гледате видео записи од 1080p преку функцијата за споделување на содржини, потребен е рутер кој користи фреквенција од 5 GHz. Ако се користи рутер од 2,4 GHz, можно е видео записите да не се репродуцираат правилно.
Функцијата за споделување на содржини може да не биде поддржана за рутер кој не поддржува multi-cast (повеќенасочно испраќање). За повеќе информации, погледнете во упатството за користење кое се испорачува со вашиот рутер или обратете се до производителот.
Преводите се поддржани само кај одредени поврзани уреди.
SmartShare PC софтверот се препорачува за читање на преводи.
Кога фајлот со превод се додава подоцна, оневозможете го споделениот фолдер и потоа повторно овозможете го.
DRM фајловите во поврзаниот уред нема да се репродуцираат.
Дури и за форматите на фајлови поддржани од телевизорот, поддржаниот формат на фајл може да се разликува во зависност од опкружувањето на поврзаниот уред.
Ако во еден фолдер има премногу фолдери и фајлови, можно е функционирањето да не биде правилно.
Информациите од фајлот вчитан од поврзаниот уред можно е да не се прикажат правилно.
Во зависност од кодирањето, некои проследувани содржини може да не се репродуцираат во режимот за споделување на содржини.