Мрежно поставување
Кога ги конфигурирате поставките за мрежата, можете да користите разни услуги како што се интернет содржините и апликациите.
Поставување на жична мрежа
To connect wired network
  1. Поврзете го LAN приклучокот на телевизорот и рутерот со помош на LAN кабел.
    Рутерот треба претходно да е поврзан на интернет.
  2. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете Setting icon во горниот десен дел.
  3. Изберете Advanced Settings iconМрежаЖична врска (Етернет).
    Ова ќе ја овозможи жичната мрежна врска.
    За детали околу тоа како да ги конфигурирате поставките, погледнете во Жична врска (Етернет).
Поставување на безжична мрежа
To connect wireless network
  1. Вклучете го рутерот кој е поврзан на интернет.
  2. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете Setting icon во горниот десен дел.
  3. Изберете Advanced Settings iconМрежаWi-Fi поврзување.
    Ова ќе ја овозможи безжичната мрежна врска.
    За детали околу тоа како да ги конфигурирате поставките, погледнете во Wi-Fi поврзување.
За одредени модели, мора да поврзете Wi-Fi/Bluetooth предавател (испорачан како дополнителна опрема или одделно) за да ја користите оваа функција.
Предупредувања за мрежно поставување
Користете стандарден LAN кабел (поврзете се со Cat5 или повисоко со RJ45 приклучок, 10 Base-T или 100 Base TX LAN приклучок).
Ресетирањето на модемот може да исправи одредени проблеми при мрежното поврзување. За разрешување на проблемот, исклучете го напојувањето, прекинете ја врската и повторно поврзете се, и потоа вклучете го напојувањето.
LG Electronics не е одговорен за какви било проблеми при мрежното поврзување или какви било дефекти, неисправно функционирање или грешки предизвикани од мрежната врска.
Мрежното поврзување може да не функционира правилно поради мрежните поставки или поради обезбедувачот на интернет услугата.
За DSL услугата мора да се користи DSL модем; за кабелската услуга мора да се користи кабелски модем. Бидејќи може да биде достапен само ограничен број на мрежни врски, можно е мрежното поставување на телевизорот да не може да се користи во зависност од вашиот договор со обезбедувачот на интернет услугата. (Ако договорот не дозволува повеќе од еден уред по линија, ќе може да се користи само веќе поврзаниот PC.)
На безжичната мрежа може да се јават пречки од други уреди кои користат фреквенција од 2,4 GHz (безжични телефони, Bluetooth уреди или микробранови печки). Иако пречките можат да настанат и при користење на фреквенција од 5 GHz, тоа е помалку веројатно.
Безжичното опкружување може да предизвика бавно функционирање на безжичната мрежа.
Неисклучувањето на сите локални домашни мрежи може да предизвика прекумерен сообраќај на некои уреди.
Уредот за пристапна точка мора да поддржува безжично поврзување и функцијата за безжично поврзување на уредот мора да биде активирана за AP поврзување (со пристапна точка). Контактирајте го обезбедувачот на услугата околу достапноста на безжичните поврзувања на пристапната точка.
Проверете ги безбедносните поставки и поставките на SSID на AP. Разгледајте ја соодветната документација за SSID идентификаторот и сигурносните поставки на AP.
Невалидните поставки на мрежните уреди (споделувач на линија со кабел/безжичен, хаб) може да предизвикаат бавно или неправилно функционирање на телевизорот. Правилно инсталирајте ги уредите во согласност со соодветните прирачници и мрежата.
Методот на поврзување може да се разликува во зависност од производителот на AP.
За да решите одреден проблем кој е поврзан за оваа функција, погледнете во делот "Отстранување на проблеми" од Водич за корисници.