Печатење фотографии со помош на Pocket Photo
Можете да ги гледате фотографиите на вашиот телевизор и да ги испечатите со помош на Pocket Photo.
  1. Притиснете го копчето HOME на далечинскиот управувач и изберете My App button во долниот десен дел од екранот.
  2. Активирајте ја апликацијата SmartShare.
  3. Изберете ги фотографиите кои сакате да ги испечатите во Фотографии.
  4. Притиснете Pocket Photo button во долниот дел.

    Play Photo on SmartShare

  5. Изберете го Pocket Photo печатачот за да извршите поврзување.

    Select Pocket Photo Printer

    По првата употреба, во долниот дел ќе се прикаже листа на сите уреди кои биле поврзани.
    Доколку сакате да избришете елемент од листата, изберете Delete button веднаш до секој печатач.
  6. Следете ги упатствата на екранот за да печатите фотографии со помош на Pocket Photo.
Оваа функција е достапна само кај одредени модели.
Pocket Photo печатачот можете да го купите одделно. (Достапно само во одредени земји)
За стабилна врска, се препорачува да го ажурирате firmware на Pocket Photo на најновата верзија.