Горе > РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ > Пред да го повикате сервисот > Wi-Fi

Wi-Fi

Вашиот домашен апарат и паметен телефон не се поврзани на Wi-Fi мрежата.

Лозинката за Wi-Fi мрежата на која се обидувате да се поврзете е неточна.

  • Најдете ја Wi-Fi мрежата поврзана со вашиот паметен телефон и отстранете ја, а потоа регистрирајте го вашиот апарат на LG ThinQ.

Мобилните податоци за вашиот паметен телефон се вклучени.

  • Исклучете го мобилниот интернет на вашиот паметен телефон и регистрирајте го апаратот користејќи Wi-Fi мрежа.

Името на безжичната мрежа (SSID), не е правилно поставено.

  • Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви (A-Z) и броеви (0-9). Не користете специјални знаци.

Фреквенцијата на рутерот не е 2,4 GHz.

  • Поддржана е само 2,4 GHz фреквенција на рутерот. Поставете го безжичниот рутер на 2,4 GHz и поврзете го апаратот со безжичниот рутер. За да ја проверите фреквенцијата на рутерот, проверете кај вашиот снабдувач на интернет услуги, или кај производителот на рутерот.

Растојанието помеѓу апаратот и рутерот е предалеку.

  • Ако растојанието помеѓу апаратот и рутерот е предалеку, сигналот може да е слаб и врската да не е правилно конфигурирана. Поместете ја локацијата на рутерот така што ќе биде поблиску до апаратот.