Горе > ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ > Апликација LG ThinQ

Апликација LG ThinQ

Оваа функција е достапна само на моделите со Wi-Fi.

Апликацијата „LG ThinQ“ Ви овозможува да комуницирате со уредот со помош на паметен телефон.

Содржи теми

Карактеристики на апликацијата LG ThinQ

Комуницирајте со апаратот од паметен телефон со помош на практичните паметни функции.Smart DiagnosisАко искусите проблем додека ја користите апликацијата, опцијата за паметна дијагностика ќе ви помогне да го дијагностицирате проблемот.ПодесувањаВи овозможува да подесите различни опции кај апаратот и во апликацијата.Во следниве случаи, мора да ги ажурирате информациите за мрежата за секој апарат во апликацијата LG ThinQ под Картички на уред > Поставки > Смени мрежа.безжичниот рутер е променетлозинката на безжичниот рутер е променетаПроменет е операторот на интернет-услугиАпликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без да им се даде предупредување на корисниците.Карактеристиките може да варираат во зависност од моделот.

Инсталирање на апликацијата LG ThinQ и поврзување апарат на LG

Скенирајте го QR-кодот прикачен на производот со камера или апликација читач на QR-кодови на вашиот паметен телефон.Побарајте и инсталирајте ја апликацијата LG ThinQ од Google Play Store или Apple App Store на паметен телефон.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и најавете се со вашата постоечка сметка или создајте сметка на LG за да се најавите.Допрете го копчето за додавање (~) на апликацијата LG ThinQ за да го поврзете апаратот на LG. Следете ги упатствата во апликацијата за да го завршите процесот.За да ја потврдите Wi-Fi конекцијата, проверете дали свети индикаторот за Wi-Fi на контролниот панел.Апаратот поддржува единствено 2,4 GHz Wi-Fi мрежи. За да ја проверите фреквенцијата на вашата мрежа, контактирајте го вашиот снабдувач со интернет услуги, или погледнете во упатството за вашиот безжичен рутер.LG ThinQ не е одговорен за било какви проблеми околу конектирањето на мрежата или какви и да било грешки, дефекти или грешки предизвикани од конектирањето на мрежата.Околното безжично поврзување можеби придонесува безжичниот мрежен сервис да работи бавно.Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и безжичниот рутер, доаѓа до слабеење на сигналот. Може да е потребен подолг временски период за поврзување или може инсталацијата да е неуспешна.Ако апаратот има проблеми околу конектирањето на Wi-Fi мрежата, можеби е предалеку од рутерот. Набавете Wi-Fi засилувач (засилувач на дострелот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно во зависност од провајдерот на интернет услугите.Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето на домашната мрежа.Апаратот не може да се поврзе поради проблеми со преносот на безжичниот сигнал. Исклучете го апаратот од штекер и почекајте околу една минута пред да се обидете повторно.Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)Корисничкиот интерфејс (UI) на паметниот телефон може да варира, во зависност од мобилниот оперативен систем (OS) и производителот.Ако безбедносниот протокол на рутерот е поставен на WEP, може да не успеете во поставувањето на мрежата. Променете во други безбедносни протоколи (се препорачува WPA2) и повторно поврзете го производот.За да ја оневозможите функцијата Wi-Fi, притиснете и држете го копчето Wi-Fi 3 секунди. Индикаторот за Wi-Fi ќе се исклучи.Притиснете и задржете го копчето Wi-Fi 3 секунди за да го поврзете апаратот повторно или да додадете друг корисник. Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и следете ги инструкциите во неа за да го поврзете апаратот.

Декларација за усогласеноста

Со ова, LG Electronics изјавува дека типот на радиоопремата на фрижидерот, е во согласност со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на EU декларацијата за усогласеност, е достапен на следнава интернет адреса:http://www.lg.com/global/support/cedoc/cedoc#

Спецификации за радиоопрема

ТипРаботен фреквентен опсегИзлезна моќност (Макс.)Безжична LAN2 400 MHz -2 483,5 MHz< 100 mWBluetooth*1Оваа функција е достапна само за некои модели.Заради грижата за корисникот, овој уред треба да се инсталира и да работи на минимална далечина од 20 cm меѓу уредот и телото на корисникот.

Известување за софтвер со отворен код

За да го добиете изворниот код согласно GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен код со кои постои обврска за разоткривање на изворниот код содржан во производов и за пристап до сите споменати услови на лиценцата и известувања за авторски права, одете на https://opensource.lge.com.LGE исто така ќе ви овозможи слободен код за цена која ги покрива трошоците за таквото доставување по барање преку е-пошта на opensource@lge.com.Понудава има важност во период од три години по нашата последна испорака во врска со производов за секој што ги добива информацииве.