Оваа функција е достапна само за некои модели.
Употребете ја оваа опција за да дијагностицирате или решите проблеми со вашиот апарат.
Од причини што не може да се препишат како немарност на LGE, услугата може да не работи поради надворешни фактори, како што се, но неограничувајќи се на недостапноста на Wi-Fi, губење на Wi-Fi конекцијата, политиката на продавницата за апликации или недостапноста на апликацијата.
Оваа функција може да е предмет на промена без претходна најава и може да има поразлична форма во зависност од тоа каде сте лоцирани.
Користење LG ThinQ за дијагностицирање проблеми
Ако искусите проблеми со вашиот апарат опремен со Wi-Fi, тој може да ги испрати податоците за проблемот на паметен телефон преку апликацијата LG ThinQ.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата во апликацијата LG ThinQ.
Користење звучна дијагноза за дијагностицирање проблеми
Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.Отворете ја вратата на фрижидерот.Притиснете на копчето Vacation.Ако вратата била отворена подолго од 60 секунди, затворете ја и повторете ги чекорите 1 и 2.Држете го телефонот во близина на центарот на горниот дел на фрижидерот.Притиснете го и држете го копчето Freezer во траење од 3 секунди или подолго додека го држите телефонот на звучникот сè додека не заврши преносот на податоци.Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.За најдобри резултати, не помрднувајте го телефонот додека се пренесуваат звуците.