Горе > РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ > Пред да го повикате сервисот

Пред да го повикате сервисот

Содржи теми

Ладење

Апаратот не лади или не замрзнува.Дали има прекин во снабдувањето со струја?Проверете го напојувањето кај другите апарати.Машината е исклучена.Правилно вклучете го приклучокот за струја во штекерот.Може да е изгорен некој осигурувач во вашиот дом, или пак да е активиран прекинувачот на колото. Или, апаратот е поврзан со излез за GFCI (Прекинувач на коло во случај на проблем со заземјувањето), а излезот на прекинувачот на колото бил активиран.Проверете ја главната разводна кутија и заменете осигурувач или ресетирајте го прекинувачот на колото. Не зголемувајте го капацитетот на осигурувачи. Ако проблемот е појавен поради преоптоварување на колото, повикајте квалификуван електричар да го поправи.Ресетирајте го прекинувачот на колото на GFCI. Ако проблемот продолжи, стапете во контакт со електричар.Ладењето или замрзнувањето е слабо.Дали температурата на фрижидерот или замрзнувачот е подесена на нејзиното најтопло подесување?Подесете ја температурата на фрижидерот или замрзнувачот на поладно.Дали апаратот е изложен на директна сончева светлина или е во близина на предмет што загрева, како на пример, рерна или греалка?Проверете ја околината каде што е монтиран производот и монтирајте го понастрана од предмети што загреваат.Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?Треба прво да ја изладите топлата храна пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот.Дали сте ставиле премногу храна?Одржувајте соодветно растојание меѓу храната.Дали вратите на апаратот се целосно затворени?Целосно затворете ја вратата и проверете дали храната не ја блокира вратата.Дали има доволно простор околу апаратот?Приспособете ја положбата на монтажа за да направите доволно простор околу апаратот.Апаратот има лош мирис.Дали температурата на фрижидерот или замрзнувачот е подесена на „Топло“?Подесете ја температурата на фрижидерот или замрзнувачот на поладно.Дали сте ставиле храна со силен мирис?Чувајте ја храната со силен мирис во затворен сад.Зеленчукот или овошјето можеби се расипале во фиоката.Фрлете го скапаниот зеленчук и исчистете ја фиоката за зеленчук. Не чувајте зеленчук премногу долго во фиоката за зеленчук.

Вода

Не излегува вода.Можеби е празен резервоарот за вода на диспензерот (Само модели без водоводна инсталација)Наполнете го резервоарот за вода на диспензерот.

Кондензација и мраз

Има кондензација во внатрешноста на производот или на дното од капакот на фиоката за зеленчук.Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?Топлата храна првин нека се излади пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот.Дали сте ја оставиле вратата на апаратот отворена?Иако кондензацијата ќе исчезне набрзо откако ќе ја затворите вратата на апаратот, можете да ја избришете и со сува крпа.Дали вратата на апаратот ја отворате многу често?Кондензацијата може да се формира поради разлика во температурата со надворешноста. Избришете ја влагата со сува крпа и не отворајте ја вратата многу често.Дали сте ставиле топла или влажна храна внатре, без да ја затворите или ставите во сад?Чувајте ја храната во покриен или затворен сад.Во замрзнувачот се формирал мраз.Вратите можеби не се затворени правилно.Проверете дали некоја храна во внатрешноста на производот ја блокира вратата и проверете дали вратата е цврсто затворена.Дали сте ставиле топла храна без прво да ја изладите?Треба прво да ја изладите топлата храна пред да ја ставите во фрижидерот или замрзнувачот.Дали е блокиран отворот за влез или излез на воздухот од замрзнувачот?Потрудете се отворот за влез или излез на воздухот да не биде блокиран за да може воздухот да циркулира во внатрешноста.Дали замрзнувачот е преполнет?Одржувајте соодветно растојание меѓу храната.Мраз или кондензација се формирала во внатрешноста или на надворешноста на апаратот.Дали сте ја отворале и затворале вратата многу често или дали вратата на апаратот е неправилно затворена?Мраз или кондензација може да се формира ако надворешниот воздух навлезе во апаратот. Не отворајте ги вратите премногу често.Дали е влажна околината каде што е монтиран апаратот?Кондензација може да се појави на надворешноста на апаратот ако околината каде што е монтиран е многу влажна или ако е денот влажен, на пример, ако врне. Избришете ја сосема влагата со сува крпа.Страната или предницата на апаратот е топла.Има цевки против кондензација вградени на овие површини на апаратот со цел да се намали кондензацијата околу површината на вратата.Цевката за испуштање топлина со чија помош се спречува кондензација, е монтирана на предницата и на страната на апаратот. Може да почувствувате дека е особено жешка веднаш по монтажа на апаратот или во текот на летото. Бидете сигурни дека ова не е проблем, туку е нормална состојба.Има вода во внатрешноста или надворешноста на апаратот.Дали има истечена вода околу апаратот?Проверете дали водата истекла од лавабо или од друго место.Дали има вода под апаратот?Проверете дали водата е од одмрзната храна или од скршен или испуштен сад.

Делови и функции

Вратата на производот не се затвора цврсто.Дали апаратот е навален напред?Регулирајте ги предните ногалки за да ја подигнете малку предната страна.Дали полиците биле правилно поставени?Ако е потребно, одново поставете ги полиците.Дали вратата сте ја затвориле употребувајќи прекумерна сила?Ако примените прекумерна сила или брзина при затворање на вратата, вратата може да остане кратко отворена пред да се затвори. Погрижете се да не ја туркате вратата многу силно. Затворете ја без примена на сила.Тешко се отвора вратата на апаратот.Дали сте ја отвориле вратата веднаш откако сте ја затвориле?Ако се обидете да ја отворите вратата на апаратот во рок од 1 минута откако сте ја затвориле, може да имате тешкотии со отворањето поради притисокот внатре во апаратот. Обидете се повторно да ја отворите вратата на апаратот по неколку минути, за да се стабилизира внатрешниот притисок.Светлото во внатрешноста на апаратот не се пали.Дефект на лампичкатаЗатворете ја вратата и отворете ја одново. Ако лампичката не светне, обратете се во Центарот за кориснички информации на LG Electronics. Не обидувајте се да ја вадите лампичката.

Бучава

Апаратот е бучен и произведува абнормални звуци.Дали апаратот е монтиран на нестабилен под или на под кој не е нивелиран?Монтирајте го апаратот на цврст и рамен под.Дали задниот дел од апаратот го допира ѕидот?Приспособете ја положбата на монтажа за да направите доволно простор околу апаратот.Дали има расфрлено предмети зад апаратот?Извадете ги расфрланите предмети зад апаратот.Дали има предмет над апаратот?Тргнете го предметот од горниот дел на апаратот.Бучава како тропкањеКонтролата на одмрзнување кликнува кога започнува и завршува автоматскиот циклус на одмрзнување. Контролата на термостатот (или контролата на апаратот кај некои модели) исто така кликнува на почеток и на крај на циклусот.Нормално работењеБучава како ѕвечкањеАпаратот не стои рамно на подот.Подот е слаб или нерамен или ногарките за нивелирање треба да се прилагодат.Апаратот со компресор бил поместен за време на работењето.Нормално работење. Ако компресорот не престане да ѕвечка по 3 минути, исклучете ја струјата и повторно вклучете ја.Бучава како шушкањеМоторот на вентилаторот на испарувачот го циркулира воздухот низ фрижидерот и преградите на замрзнувачот.Нормално работењеВоздух поминува над кондензаторот со помош на вентилаторот на кондензација.Нормално работењеБучава како клокотењеСредството за ладење тече низ системот за ладење.Нормално работењеБучава како пукањеСобирање и ширење на внатрешните ѕидови поради промени во температурата.Нормално работењеВибрирањеАко страната или задниот дел на фрижидерот се допира до ормар или ѕид, некои од нормалните вибрации може да предизвикаат звук.За да ја елиминирате бучавата, проверете дали страните и задниот дел се допираат до ѕид или ормар.

Wi-Fi

Домашниот уред и паметниот телефон не се приклучени на Wi-Fi мрежата.Лозинката за Wi-Fi на коешто се обидувате да се поврзете, е неточна.Најдете ја Wi-Fi мрежата којашто е поврзана со вашиот паметен телефон и отстранете ја, а потоа регистрирајте го вашиот апарат на LG ThinQ.Мобилните податоци за вашиот паметен телефон се вклучени.Исклучете ги мобилните податоци на вашиот паметен телефон и регистрирајте го апаратот, користејќи ја Wi-Fi мрежата.Името на безжичната мрежа (SSID), не е правилно поставено.Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и броеви. (Не користете ги специјалните карактери)Фреквенцијата на рутерот не е 2,4 GHz.Поддржана е само 2,4 GHz фреквенција на рутерот. Поставете го безжичниот рутер на 2,4 GHz и поврзете го апаратот со безжичниот рутер. За да ја проверите фреквенцијата на рутерот, проверете кај вашиот снабдувач на интернет услуги, или кај производителот на рутерот.Преголемо е растојанието помеѓу апаратот и рутерот.Ако е преголемо растојанието помеѓу апаратот и рутерот, сигналот може да биде слаб и конекцијата може да не биде правилно конфигурирана. Променете ја локацијата на рутерот, за да биде поблиску до апаратот.

Корисничка поддршка и услуги

Стапете во контакт со корисничкиот информативен центар на LG Electronics.За да најдете информации за овластен сервисен центар на LG, одете на веб-страницата www.lg.com.Апаратот треба да го расклопува, поправа или модифицира само квалификуван сервисен персонал во овластен сервисен центар на LG.Минималниот гарантен период на овој фрижидер е 24 месеци.Резервните делови наведени во Регулативата EU 2019/2019 се достапни во времетраење од минимум 7 години (само заптивките за вратите се достапни 10 години).За да купите резервни делови, стапете во контакт со Центарот за информации за корисници на LG Electronics или одете на нашата веб-страница на www.lg.com.Регулатива EU 2019/2019, која стапува на сила од 1 март 2021 година, е поврзана со класите на енергетска ефикасност според Регулативата 2019/2016.За повеќе информации за енергетската ефикасност на апаратот, одете на https://eprel.ec.europa.eu и пребарајте со внесување на името на моделот (важечко од 1 март 2021 година).Скенирајте го QR кодот на енергетската етикета што сте ја добиле со апаратот и така ќе добиете врска до веб-страница со базата на податоци на EU EPREL со информации поврзани со работата на апаратот. Чувајте ја енергетската етикета како референца заедно со сите други документи испорачани со апаратот (важечко од 1 март 2021 година).Името на моделот може да се пронајде на етикетата за моќноста на апаратот.Овој производ содржи светлосен извор со ефикасност на енергија класа F или G.