Поставување на јазик
HOMEПодесувањаОпштоЈазик (Language)
Можете да го изберете јазикот на менито кое се прикажува на екранот и на дигиталниот звук на преносот.
Јазик на мени(Menu Language) Избирање јазик за прикажаниот текст.
Аудио јазик / Примарен аудиојазик / Секундарен аудиојазик [Само во дигитален режим][Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од земјата.] Избор на саканиот јазик при гледање на дигитални преноси кои содржат повеќе јазици на говор.
Јазик за телетекст / Примарен јазик за телетекст / Секундарен јазик за телетекст [Само во дигитален режим][Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од земјата.] Користете ја функцијата за Јазик на текст кога се емитуваат два или повеќе јазици на текст.
Ако податоците од телетекстот не се емитуваат на избраниот јазик, ќе биде прикажан зададениот Јазик на текст.
Ако изберете погрешна локална држава, телетекстот може да не се појавува правилно на екранот и може да се појават некои проблеми при функционирањето на телетекстот.