Микробрановата печка не започнува со работа
Кабелот за напојување е исклучен, вратата е отворена. Или, времето за готвење не е поставено.
Приклучете го кабелот за напојување.
Затворете ја вратата од рерната.
Поставете време за готвење.
Може да е изгорен некој осигурувач во вашиот дом, или пак да е активиран прекинувачот на колото. Или, апаратот е поврзан со излез за GFCI (Прекинувач на коло во случај на проблем со заземјувањето), а излезот на прекинувачот на колото бил активиран.
Проверете ја електричната кутија со осигурувачи и заменете го осигурувачот, или пак ресетирајте го прекинувачот на колото.
Не зголемувајте го капацитетот на осигурувачи. Ако проблемот е поради преоптеретност на колото, повикајте квалификуван електричар кој ќе го поправи.
Ресетирајте го прекинувачот на колото на GFCI. Ако проблемот продолжи, стапете во контакт со електричар.
Искрење
Приборот не е безбеден за употреба во микробранова печка или е вклучена празна.
Користете прибор што е безбеден за микробранова печка. Кога се сомневате, тестирајте го приборот пред употреба.
Немојте да ја вклучувате рерната додека е празна.
Неточно време од денот
Напојувањето е прекинато.
Ресетирајте го времето. Видете го делот „Поставување на часовникот“ за да го ресетира времето од денот.
Нерамномерно зготвена храна
Приборот не е безбеден за микробранова печка или поставките за готвење беа погрешни.
Тестирајте го приборот за да бидете сигурни дека е безбеден за микробранова печка.
Не гответе без стаклениот послужавник.
Вртете ја или мешајте ја храната додека готвите.
Целосно одмрзнете ја храната пред готвење.
Користете точно време за готвење и ниво на моќност.
Прекумерно зготвена храна
Поставките и методите за готвење се погрешни.
Променете го времето за готвење или нивото на моќност.
Недоволно зготвена храна
Приборот не е безбеден за микробранова печка или поставките за готвење беа погрешни.
Тестирајте дали приборот е безбеден за микробранова печка.
Целосно одмрзнете ја храната пред готвење.
Променете го времето за готвење или нивото на моќност.
Проверете дали отворите за вентилација не се блокирани.
Неправилно одмрзнување
Приборот не е безбеден за микробранова печка или поставките за готвење беа погрешни.
Тестирајте дали приборот е безбеден за микробранова печка.
Променете го времето на одмрзнување или тежината.
Вртете ја или мешајте ја храната за време на циклусот на одмрзнување.