Оваа контролна табла е достапна само за некои модели.
Следете ги упатствата долу за да го користите методот на звучна дијагноза.
Вклучете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis во менито. Следете ги упатствата за звучна дијагноза дадени во апликацијата LG ThinQ.
Тип А*1
Отворете ја вратата на фрижидерот.
Притиснете го копчето Lock за да ја активирате функцијата за заклучување.
Ако екранот е заклучен повеќе од 5 минути, морате да го деактивирате заклучувањето и потоа повторно да го активирате.
Држете го телефонот до горниот десен отвор на звучникот.
Притиснете го и држете го копчето Freezer во траење од три секунди или подолго додека го држите телефонот на звучникот сè додека не заврши преносот на податоци.
Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.
Тип Б*1
Отворете ја вратата на фрижидерот.
Држете го телефонот до горниот десен отвор на звучникот.
Притиснете го и држете го копчето Express Freeze во траење од три секунди или подолго додека го држите телефонот на звучникот сè додека не заврши преносот на податоци.
Откако ќе заврши преносот на податоци, дијагнозата се прикажува во апликацијата.
За најдобри резултати, не помрднувајте го телефонот додека се пренесуваат звуците.