Оваа функција е достапна само за некои модели.
Fridge
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу 1 °C и 7 °C.
Стандардната температура на фрижидерот е 3 °C.
Super Cool
Оваа функција може брзо да излади голема количина на храна, како што е зеленчук, овошје и друго.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го држите копчето 3 секунди.
Freezer
Притискајте го ова копче постојано за да изберете температура меѓу -15 °C и -23 °C.
Стандардната температура на замрзнувачот е -18 °C.
Super Freeze
Со оваа функција може да се замрзне брзо голема количина мраз или замрзната храна.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го држите копчето 3 секунди.
Оваа функција автоматски завршува по одреден период.
Кога е вклучен овој режим, може да се зголеми бучавата и потрошувачката на енергија.
Vacation
Оваа функција е корисна кога сте на одмор. Кога е вклучена функцијава, температурата на фрижидерот е 7 °C, а на замрзнувачот -15 °C. Кога е исклучена функцијава, температурата на фрижидерот и замрзнувачот се враќа на претходните поставки.
Оваа функција се вклучува и се исклучува секој пат кога ќе го притиснете копчето.
Кога е вклучена оваа функција, копчињата Fridge, Freezer, Super Cool и Super Freeze нема да работат.
Кога функцијава е вклучена, внимавајте во однос на складирањето храна за која е потребна пониска температура од стандардната.
Кога ќе се вратите дома, запомнете да ја исклучите функцијава за да се отклучат другите копчиња и вратете го фрижидерот на претходните поставки за температура.
Wi-Fi*1
Ова копче овозможува поврзување на уредот со домашна Wi-Fi мрежа. Погледнете ги SMART FUNCTIONS за информации околу првичното поставување на апликацијата LG ThinQ.
Meat/Fish/Cheese*1
Функцијава ја контролира температурата во фиоката Fresh Converter+.
Притиснете го секое копче за да изберете некој од режимите Meat (најладно), Fish (поладно), Cheese (ладно).
За оптимално чување на храната, се препорачува зголемување или намалување на стандардната температура за секоја преграда за 1 °C или едно ниво.
Контролниот панел ќе се исклучи автоматски додека е затворена вратата.
Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со контролната табла додека ја чистите, може да се активира функцијата на допреното копче.